14.8 C
Скопје
16:30 - 29 октомври, 2026

Дакота Џонсон за снимањето на „Педесет нијанси сива“: Да знаев, немаше да се согласам на тоа

Ќерката на Мелани Грифит и Дон Џонсон, Дакота Џонсон, која се прослави по улогата на Анастасија во филмот „Педесет нијанси сива“ („Fifty Shades of Grey“), во интервју за Vanity Fair откри дека немало да ја прифати улогата доколку знаела како ќе изгледа снимањето.

– Јас сум многу сензуална личност и, кога нешто ме интересира, сакам да знам се за тоа. Затоа и глумев во сите тие филмови во кои се соблекував. Се пријавив за улога во многу поинаков филм од оној што на крај го снимивме – изјави актерката.

Таа рече дека било тешко да се работи со режисерката Сем Тејлор-Џонсон и режисерот Џејмс Фоли, но и со Е. Л. Џејмс, авторката на книгата: „Таа имаше многу креативна контрола, цел ден, секој ден. Инсистираше на многу работи. Имаше делови од книгата кои едноставно не би функционирале во филмот, како внатрешните монолози“, објасни Дакота.

– Бев млада. Имав 23 години. Беше застрашувачко. Одеднаш сè се претвори во лудница. Имаше многу несогласувања – признава Дакота и додава дека не сакала да зборува за тоа претходно бидејќи сакала „да го промовира филмот на вистински начин“.

Рече и дека не жали што глумела во „Педесет нијанси сива“, но исто така напомена:

-Да знаев како ќе изгледа, немаше да се согласам на улогата. Само би рекла: „Во ред, ова е психотично.“ Но, не, сепак не се покајав.

Слични објави

Дарко Лазиќ инвестира богатство во имотот во Војводина – работата е во полн ек

Еспресо

Совети од Клиника „Жан Митрев“: Дебелина кај децата – како да се идентификува и што да се преземе

Еспресо

Гудељ се огласи по страшната трагедија во Шпанија во која загинаа 68 лица, зетот на Цеца скршен: „Господи, прими во својот мир…“

apostolova

(Фото) Македонската музичарка Мартина Блажеска очекува близнаци: „Од двајца ќе станеме четворица“

К.С.

Цвеќиња што ја разубавуваат есента — што да засадите на балконот во октомври?

К.С.

Драгана Беквалац скршена од болка по ненадејната смрт на миленикот: „Здрав како дрен, а замина за неколку минути“

Е.А.
Се вчитува....