04:25 - 28 ноември, 2026

Пејачот со бремената сопруга се заробени на Малдивите поради воениот конфликт, а сега нашле начин како да се вратат во Србија

Пејачот Шако Полумента со бремената сопруга Ивона и децата во моментот престојува на Малдивите. Тие планирале да се вратат во Белград преку Дубаи, но поради ескалацијата на конфликтот на Блискиот Исток и затворањето на воздушниот простор во поголемиот дел од Обединетите Арапски Емирати, нема да можат да го сторат тоа. Ивона сега се огласи и откри дека пронашле решение.

Ивона Полумента открила дека купиле билети и дека ќе се вратат дома за неколку дена.

– Сè е во ред со нас, купивме нови билети, малку ќе ја обиколиме планетата, но билетите се распродаваат со брзина на светлината, добро е што и ова успеавме да го направиме. За неколку дена ќе се вратиме дома, ако даде Бог – напишала Ивона Полумента и додала:

– А дотогаш, ќе одмораме и ќе уживаме колку што можеме, бидејќи без оглед на фактот дека сме на толку убаво место, постојано е присутно некое непријатно чувство и немир. Ви благодарам прекрасни луѓе што прашувате, само сè да биде како што треба и да не умираат невини луѓе – заклучила таа.

Според наводите, во Дубаи одекнале неколку експлозии откако Иран започна контранапади по заедничкиот удар на Америка и Израел.

Активирана е воздушната одбрана, а на социјалните мрежи се појавија видеа на кои се гледа дека аеродромот во Дубаи е речиси целосно парализиран, додека бројни летови се откажани или одложени.

Слични објави

Катарина Живковиќ застана во одбрана на Вељко Ражнатовиќ: „Момчињата не носат здолништа и точка“

Еспресо

„КРАЈ. Станав и си заминав“ — Нина Ред раскажа за непријатното искуство со повозрасен маж

К.С.

Теодора Џехверовиќ го откажа настапот поради повреда: Јавно објави и медицински извештај

Еспресо

„Денеска ќе наполнеше 15 години…“: Јелена Розга се присети на саканиот член на семејството и ги растажи следбениците

Еспресо

(Фото) Познатата готвачка Мартина Симјановска наскоро ќе стане мајка по вторпат: „Бато Лука е спремен за тебе, бебушко!“

К.С.

(Фото) Наташа Беквалац блесна во бордо фустан – со длабоките изрези ја откри тетоважата на колкот

Еспресо
Се вчитува....