14:55 - 1 април, 2026

Патеше по Македонија и по 23 години се реши за животна промена: Еве како сега изгледа и што прави Смиља Митревска

Смиља Митревска, една од најпочитуваните пејачки во нашата народна музика има интересна животна приказна.
Таа во 2001 година се пресели во Барселона, Шпанија, но и тогаш велеше дека нејзиното срце остана во Македонија. Минатата година, Митревска која сега има 65 години, настапи на фестивалот на „Роса фест“ каде што ја доби наградата за животно дело.
Тогаш пејачката откри дека по 23 години живот во Шпанија, се вратила во Македонија со сопругот и со синот кој има 42 години и е дипломиран музичар.
На 28 август, во дворот на црквата „Света Троица“ во Бардовци, концерт одржаа фолк легендите: Наум Петрески, Ефто Пупиновски, Зуица Лазова, Ленче Кукиќ, Благоја Грујовски како и Смиља Митревска и други, во придружба на оркестарот на радио „Бубамара“.
А слика од Смиља објави хармоникашот Мишел Трајковски кој на својот Фејбук профил напиша:  „Музички муабети, теми и ретро анализа на едно убаво време во кое функционирале македонските оркестри во полн сјај.  Време кога нашата Македонија била пример и инспирација за соседството.
Кафе муабет со една од легендите на македонската песна Смиља Митревска“.
Инаку, Смиља е позната е по песните „Дај ми надеж“ со која победила на Цветници 1992, „Моминска клетва“ од Цветници 1993 и „Пусти ти биле меаните Иле” од Фолк Фест Филиграни 1994 година. Во 1980-тите години, била член на познатата група “Тавче гравче”, каде ја формираат заедно со Драган Вучиќ.
Фото/ Фејсбук

Слични објави

(Фото) Крајно непријатно – Азис не може да спие на стомак поради новите гради

E.A.

(Фото) По долго време, Искра Трпева ѝ се врати на старата љубов

msp-admin

Ана Николиќ e загрижена за здравјето на Рале: „Состојбата е сѐ полоша и полоша“

Еспресо

(Фото) Ирена Спировска во елегантен и гламурозен фустан, привлече внимание на посебен настан

Еспресо

Јована Јеремиќ е страв и трепет за угостителите: „Полоша сум од инспекција, не ми замерувајте“

E.A.

(Фото) Живкица во гламурозно издание, тој е заслужен за ова

apostolova
Се вчитува....