5.8 C
Скопје
04:42 - 18 февруари, 2026

ОВИЕ СЛАВНИ ТАТКОВЦИ ОДЛИЧНО СЕ СНАОЃААТ СО ДЕЦАТА: Татковството пред сè!

„Обичните“ луѓе сакаат да ѕирнат во секојдневието на познатите. Така ги доживуваат поблиску до себе, идентификувајќи се дека поминуваат низ исти животни ситуации. Нивните идоли кои имаат деца се особено интересни за родителите, а посебно внимание привлекуваат познатите татковци.

Брајт Сајд рангираше неколку татковци на листата на најдобри, поточно оние на кои им оди особено добро во оваа улога.

Двејн Џонсон – The Rock

Пензионираниот професионален борач и актер е посветен на своите ќерки Симон, Јасмин Леа и Тијана и ужива да поминува време со нив. По неговите стапки тргна и неговата најстара ќерка влегувајќи во светот на борењето, а тој силно ја поддржува во тоа.

 

View this post on Instagram

 

A post shared by therock (@therock)

Џејсон Момоа

„Аквамен“, односно убавецот Џејсон Момоа е грижлив татко на Накои-Волф и Лола Јолани, а очув на Зои Кравиц. И покрај неговиот тесен распоред, тој ужива да ги води децата на различни спортови како скејтборд и стрелаштво и често зборува за тоа колку му се важни децата.

Џеф Голдблум

Џеф Голдблум можеби е најстариот меѓу татковците на мали деца, но затоа е многу добар во воспоставувањето дневен распоред и вели дека нема проблем да ги подготви децата за спиење. Голдблум има два сина, Чарли Оушн и Ривер Џо.

 

View this post on Instagram

 

A post shared by Jeff Goldblum (@jeffgoldblum)

Џон Леџенд

Американскиот пејач и филантроп е татко на ќерката Луна и синот Мајлс. Не само што постојано споделува фотографии на социјалните мрежи на кои се гледа како поминува слатки моменти со децата, туку и со задоволство ги носи со себе дури и на работа.

 

View this post on Instagram

 

A post shared by John Legend (@johnlegend)

Рики Мартин

Латино поп кралот Рики Мартин има 4 деца: ќерка и 3 сина. Своевремено откри дека кога синот го прашал дали му дошол од стомакот, тој одговорил дека пристигнал од срцето и дека сè уште е тука, во срцето Децата му се омилени критичари, а татковството е пред се, вели тој.

 

View this post on Instagram

 

A post shared by Ricky Martin (@ricky_martin)

Рајан Филип

Иако Рајан Филип и Рис Витерспун се разведоа пред многу години, тој се погрижи неговата врска со синот Дикон и ќерката Ава да не страдаат поради тоа.

 

View this post on Instagram

 

A post shared by 🅿️hilz (@ryanphillippe)

Вил Смит

Следечќи го патот  на Смит, неговите деца Треј, Џејден и Вилоу веќе стекнаа многу обожаватели. Но, тоа не значи дека имаат посебен третман. Актерот во неколку наврати ја истакна важноста на трудот и амбицијата што ги негува кај своите деца, а зборуваше и за некои од своите татковски грешки кои се обидел да ги поправи, покажувајќи дека секогаш сака да работи на себе за да биде подобар татко.

 

View this post on Instagram

 

A post shared by Will Smith (@willsmith)

 

 

 

Слични објави

(Фото) Сања Маринковиќ знае како да ужива: Водителката позираше во костим за капење на одморот во Катар

Еспресо

Ова е последната реченица што ја кажал Шабан пред смртта: Сопругата Гордана и денес го памети неговиот поглед – „Тогаш ме фати паника“

Е.А.

(Фото+видео) Кога Јордан Митев пее, нашите во Канада уживаат: Спектакуларни концерти на нашата музичка ѕвезда

Еспресо

„Се враќам на оној стариот Дарко“: Пејачот пресече, па откри како навистина живее

Е.А.

Поранешниот свршеник на Наташа Беквалац пристигна во Србија со убавата Доминиканка

Еспресо

Кој е претепаниот син на Снежана Ѓуришиќ? Двапати бил во затвор, девојка му страдала во сообраќајка што ја предизвикал

Еспресо
Се вчитува....