16.8 C
Скопје
23:04 - 22 октомври, 2026

СЛАВЧО ПОПОСКИ НАЈАВУВА: Ни доаѓа снег, проверете кога

– Како што најавивме од утре полека облачноста ќе се зголемува, и кон крајот на денот и во текот на ноќта и тоа под влијание на нов влажен и студен воздушен бран од запад и југозапад ќе започнуваат нови врнежи од дожд и од снег на пониските, и само снег на повисоките места и на планините. Врнежите ќе продолжат и во недела кога особено на повисоките населени места ќе се формира нова снежна покривка, а на планините истата ќе се зголеми. Сево ова ќе биде проследено и со умерен, повремено засилен ветер од северен и од североисточен правец. Локални врнежи претежно од снег ќе има и во почетокот од следната недела. Утре максималните температури ќе се искачуваат во интервалот од 8 до 16 степени, додека од недела истите ќе бележат тенденција на ЗНАЧИТЕЛНО ОПАЃАЊЕ и максималните дневни температури ќе се искачуваат во интервалот само од 1 до 9 степени. Наутро температурите пак ќе се спуштаат во интервалот од -6 до 2 степени, и тоа особено во почетокот од следната недела, што значи дека истите на повеќе места ќе се спуштаат под нулата – вели нашиот метео прогнозер Славчо Попоски.

И во Скопскиот регион утре полака облачноста ќе се зголемува, и кон крајот на денот и во текот на ноќта ќе започнат нови врнежо од дожд, додека на околните планини ќе има услови за врнежи од снег. Помали услови за врнежи од дожд и од снег ќе има и во делови од Скопската котлина, и тоа особено од недела, кога ќе дува и умерен, повремено засилен ветер од северен и од североисточен правец.

Максималните температури ќе се искачуваат до околу 12 степени, додека од недела ќе бележат тенденција на значително опаѓање и максималните дневни ќе се искачуваат до околу 5 до 6 степени, додека наутро истите ќе се спуштаат во интервалот од -4 до 1 степен.

НАПОМЕНА: За време на овој влажен и студен воздушен бран, услови за формирање на снежна покривка ќе има и на некои пониски места. Снегот што ќе врне на некои од местата со помала надморска височина ќе биде влажен и тежок, со што се можни и проблеми. Понекаде можна е и снежна покривка од над 20 сантиметри, особено во западните и во југозападните предели, додека на повисоките и планинските места снежната покривка би можела да изнесува и над 30 сантиметри.

Слични објави

Ви се замаглуваат прозорците? Едноставен трик со производ што го имате во бањата може да помогне против кондензацијата

К.С.

(Фото) Префинет избор за мажи со изграден стил – „Капитол“

Еспресо

„Размислувам да заминам во странство, таму можеби ќе имам подобра иднина“ – Бараме подобар живот, а дали ги гледаме сите можности што ни се пред очи?

Еспресо

(Фото) Трпезариските маси на Wood room сега се достапни по набавни цени

apostolova

(Видео) Сузана Турунџиева запеа со младата Дени: „Мојата инспирација Дени и јас го честитаме Светскиот ден на менталното здравје“

Еспресо

„Немам време за себе“ – реченицата со која полека се ставаме на последно место

Еспресо
Се вчитува....