26.8 C
Скопје
15:30 - 29 април, 2024

Ова се утринските навики на луѓето кои живеат најдолго

раце стари луѓе

Дали знаете дека во некои делови на светот луѓето живеат подолго? Овие области се нарекуваат сини зони. Ова име за првпат го употребил авторот Ден Бутнер, кој во своето истражување таквите области на картата ги означил со сини кругови.

Жителите на сините зони честопати живеат до деведесет или дури сто години. Покрај долгиот животен век, тие се во добра физичка форма, како и ментално здравје. Некои од овие области се островот Икарија во Грција, Калифорнија во САД, Окинава во Јапонија, полуостровот Никоја во Костарика и Сардинија во Италија.

По долгогодишно истражување на овие области, Бутнер заклучил дека сите жители имаат две заеднички работи: добри здравствени навики и социјална вклученост. Процесот на стареење не може да се запре, но ова се начини на кои можете да придонесете за подолг живот.

чај

Пијте кафе или чај

Луѓето во сините зони пијат до три шолји кафе наутро. Како што одминува денот, тие преминуваат на чај, а после 17 часот на вино. Покрај тоа што помага да се одржи телесната тежина, кафето и чајот го снабдуваат телото со хранливи материи кои го забавуваат стареењето и помагаат да се намали ризикот од хронични заболувања. Пиењето на овие пијалоци е најчесто во друштво, што дополнително делува катарзично и релаксирачки.

појадок

Појадокот е задолжителен

Во текот на ноќта не јадеме ниту пиеме, па затоа сме гладни и жедни наутро, дури и ако тоа не го чувствуваме. На нашето тело му треба вода за да ги започне своите процеси, затоа чаша вода треба да биде првото нешто што ќе го внесете во организмот откако ќе се разбудите. Со храната внесуваме гориво за почетокот на денот, затоа утринскиот оброк треба да биде обилен и разновиден.

човек дедо

Воспоставете утринска рутина за да избегнете стрес

Луѓето во сините зони спијат кога се чувствуваат поспано и се будат без будилник. На овој начин тие го избегнуваат стресот, кој се смета за тивок убиец и прави значителна штета на нашето тело. Воспоставувањето утринска рутина ни помага да бидеме поуспешни и поефикасни, а многу успешни луѓе тврдат дека се будат и пред пет наутро и не чувствуваат стрес. Некои истражувања, исто така, покажаа дека луѓето кои стануваат рано живеат подолго од оние кои имаат навика да бидат будни до доцна и да го преспијат утрото.

утро

Спијте доволно

Ноќните птици обично не си дозволуваат доволно спиење, имајќи предвид дека на возрасно лице му требаат најмалку 6, а идеално 8 часа сон. Исклучете ги екраните непосредно пред спиење, оставете да ве разбуди природната утринска светлина и избегнувајте прекумерна физичка активност пред спиење.

Слични објави

(Видео+фото) Цифрата значително скокнала! На осмиот ден од одењето пешки за Грција Никола Роквиќ објави колку пари се собрани

Еспресо

(Видео) „Ви благодарам што сте дел од мојот живот!“: Каролина го прослави роденденот со сопругот и најблиските

Еспресо

(Фото) Луѓето воодушевени од фустанот на Александра Пријовиќ од Роберто Кавали: Го пронајдовме, во моментот е на намаление

Еспресо

(Фото) Никол Кидман ги покажа ќерките: Убави како мама

еспресо

Уапсен Жерар Депардје! Ќе биде сослушан за наводите за сексуален напад врз две жени

еспресо

Тања Савиќ тајно се омажила со пилотот Муки: „Мојот сопруг е навистина прекрасен…“

еспресо
Се вчитува....