18.8 C
Скопје
10:53 - 29 март, 2024

ДНЕВЕН ХОРОСКОП ЗА 7 ОКТОМВРИ: Очекувајте хармонија во љубовта

дневен хороскоп

Овен

Го сублимирате она што сте го направиле во изминатиот период, резултатите ве прават горди. Сѐ што треба да направите е да го претставите сето тоа пред деловните соработници, но и пред вашето семејство, така што вашата среќа е целосна. Не барајте аплауз затоа што само ќе го расипе вашето драгоцено чувство на задоволство.

Бик

Очекувајте хармонија во љубовта. Денот ви носи голема смиреност и многу убави искуства. Позитивен став ќе ви помогне да дознаете како да ги надминат пречките за да можете да добиете повеќе слобода во работата. Најдете време за пријател што не сте го виделе одамна. Одлично се чувствувате, имате многу енергија и мотивација.

Близнаци

Од вас денес ќе се очекува многу, па затоа обидете се да ја оправдате довербата која ви ја нудат. И покрај несоодветните услови вие и понатаму работите и на своето и на усовршувањето на вашите соработници. Во ваша близина се наоѓа личност за која имате чувства. Посакувате да станете поблиски и да остварите врска.

Рак

Разговорот со пријател во кој имате доверба денес ќе ви покаже нови деловни можности. Размислете за промена на работата или за промена на начинот на кој ја извршувате. Ќе мора добро да размислите за сѐ, бидејќи така големи одлуки не се донесуваат нагло. Без брзање, со мудар и разумен пристап.

Лав

Ако сте сингл, излезете меѓу луѓе бидејќи можни се прекрасни средби полни со искрени емоции. Ќе запознаете личност што веднаш ќе ве освои. На деловно поле, без оглед на малото количество стрес, денес сите предизвици ќе ги решавате со леснотија и ќе уживате во тоа. Бидете со оние со кои ви е добро.

Девица

Ќе бидете во форма, но тоа не значи дека треба да им ги вршите работите на другите. Најблиску до себе задржете ги оние личности кои забележувате дека постојано се трудат да ви измамат насмевка. Тие се извор на вашата радост. Размислете, понекогаш големата упорност може да има лоши последици. Бидете порелаксирани.

Вага

Денес веќе ќе почнувате да се ослободувате од сомнежите, а ова ќе ви даде нова храброст. Ќе се чувствувате удобно во вашата кожа и вашата позитивна енергија ќе биде заразна. На работното место размислете за вашите грешки, но гледајте ги како лекции. Бидете сигурни дека повеќе нема да ги повторите.

Скорпија

Денес сѐ ќе ви изгледа лесно, интересно, волшебно, убаво… Ќе бидете порасположени од кога и да е. На деловно поле, ќе бидете сосема сигурни што сакате. Ќе се обидувате нешто да отплеткате и ќе имате голем успех во вашата мисија. Ќе бидете доследни и перфекционисти во работењето.

Стрелец

Ќе паднат големи одлуки и пресекувања. Денес јасно ќе ги видите намерите на сите околу вас, а ова ќе ви помогне да сфатите како треба да постапувате. На работното место време е да надополните за испуштената работа. Не ги продлабочувајте непријателствата со луѓето од кои зависите.

Јарец

Сакате да соопштите една ваша голема тајна на пријател, но се плашите отпосле какво мислење ќе има за вас. Стравувате дали вашиот однос ќе биде ист. На деловно поле, оптимизмот ви недостигаше во подолг период, кога почнувавте дури и да се сомневате во своите способности и во работите дали воопшто правилно ги правите.

Водолија

Сѐ што на каков било начин може да влијае врз вашиот љубовен и емотивен живот, денес нема да ви оди од рака. Стрпете се. На деловно поле, ќе ви се чини како да имате пријатна позиција, но ќе треба да ја оправдате со професионализам и работа. Непостојаност во навиките. Завршете ги сите обврски што ви останале од вчера.

Риби

Ако сте сингл, една личност толку ќе се воодушеви од вас, што нема да ве остави на мир. Се чувствувате романтично и страстно денес. Ќе имате шанса да донесете некоја сериозна одлука и да имате многу продуктивен ден. Имате можност за прекрасно познанство, така што никако не одложувајте ја средбата со пријателот.

МЕСЕЧЕН ХОРОСКОП ЗА ОКТОМВРИ: Што велат планетите во полето на љубовта и кариерата

НЕДЕЛЕН ХОРОСКОП (4. ДО 10. ОКТОМВРИ): Љубовни маки за Рибите, страст за Овните, убави средби за Лавовите…

Слични објави

Змијанац го коментира разводот на Харис Џиновиќ: „Не знам зошто сите полудеа, разводот е зло“

еспресо

Шокантни детали за Шарлин и Алберт од Монако: Таа троши како луда, а тој ги плаќа и љубовниците

еспресо

Астропрогноза за петок, 29 март: На Бикот ќе му се врати старата љубов, Лавовите ќе бидат кралеви на денот

еспресо

Дожд од пари: Три хороскопски знаци конечно ќе го решат финансиското прашање

еспресо

Харис Џиновиќ ја отвори душата: „Таа побегна, ни со децата немаше контакт, баш добра мајка!“

еспресо

(Видео) Миа Костова стана жртва на измама: Не рекламирам чаеви за слабеење, не наседнувајте на лажни реклами

Еспресо
Се вчитува....