11.8 C
Скопје
16:03 - 30 март, 2026

Ова е тајното име што го користи Кејт Мидлтон кога не сака да ја препознаат, а и Меган Маркл има кодно име

Војвотката од Кембриџ има персонал во палатата за да и купува намирници, но повремено Кејт сака да се искрадува за да пазарува сама. „Експрес“ објави дека таа користи специфично име одмислено за трговците да не ја препознаваат кога е надвор.

Сè започнало кога војвотката не можела да плати за некој предмет – и морала да го резервира под тајно име. Засрамената Кејт морала да употреби друго име бидејќи го заборавила паричникот. Тоа било за време на раните години од нејзиниот брак со принцот Вилијам.

Набргу по нивната венчавка во 2011 година, војводата од Кембриџ бил стациониран во Енглеси, Велс, како пилот за пребарување и спасување во блиската долина РАФ.

За да биде поблиску до нејзиниот сопруг, Кејт изнајмила фарма во близина и мештаните често ја гледале како ги посетуваат околните продавници.

Но, еднаш случајно ја заборавила чантата. Кејт сакала да купи костим во продавница за спортови на вода Funsport, во близина на нејзиниот дом.

Кога отишла да плати, сфатила дека нема паричник. Војвотката се снашла и на трговецот му дала „тајно име“. Го прашала дали може да го резервира костимот и да го земе подоцна.

Кога продавачот прашал за нејзиното име, војвотката одговорила: „Госпоѓа Кембриџ“.

Британското кралско семејство има и телохранители задолжени за нивната безбедност, кои често користат различни имиња за членовите на кралското семејство со цел да ги заштитат.

Вилијам и Кејт ги носат кодните имиња „Дени Колинс“ и „Дафне Кларк“, пишува Дејли Мејл. Принцот Хари и Меган Маркл, наводно се познати во шифрираната комуникација како „Дејвид Стивенс“ и „Давина Скот“.

Слични објави

Ова е вонбрачниот син на Маринко Роквиќ кој живее далеку од Србија: Го откри вистинското лице вдовицата Славица

E.A.

(ВИДЕО) „Дали е дрогиран, целиот се искриви?“: Жељко Шашиќ направи хаос на аеродром па ги „нападна“ новинарите

E.A.

(Фото) Уна Чолиќ ужива на зимување со десет години постариот партнер

Еспресо

(Видео) Северина и Нина Бадриќ заедно ја испејаа најтажната песна на роденден

msp-admin

(Видео) Елена Велевска: Го спасив семејството од сиромаштија

msp-admin

(Фото) Растеше скромно, со една плата: Ова се родителите на Здравко Чолиќ

Еспресо
Се вчитува....