09:17 - 8 ноември, 2026

Откриено колку пари Марија Шерифовиќ дала за сурогат-мајка, целиот процес беше направен во Америка 

Пејачката Марија Шерифовиќ доби син пред три години со помош на сурогат-мајка, а за целиот процес во Америка морала да издвои помеѓу 160.000 и 193.000 долари.

Шерифовиќ го доби синот Марио пред две години со помош на сурогат-мајка. Пејачката потоа зборуваше за процесот низ кој поминала, а сега пејачката Нада Обриќ откри дека сурогат-мајката што го донесе на свет малиот Марио е мажена жена, има свое дете и е многу образована.

– Какви услови ѝ дала на таа жена, на таа сурогат-мајка, тоа е нереално. Таа жена доби „од птица млеко“. Притоа, таа не е нималку сиромашна жена, ниту неписмена, напротив, таа е високо образована. Има свое дете, има свој сопруг. Не знам како одлучила да биде сурогат-мајка, мислам дека тоа беше првпат за таа жена да биде сурогат-мајка – рекла Нада Обриќ за српските медиуми.

И Марија Шерифовиќ во својата исповед зборуваше за сурогат-мајката и целиот процес.

– Ужасно ми пречи што на Балканот, со должно почитување кон сите нормални, цивилизирани луѓе, луѓето седат под камен. Јас седам во Америка, се сончам и читам како луѓето седат во весници, емисии, утрински програми и велат како таа жена е врзана за радијатор, како таа е малтретирана личност, како е тоа… Почитувани господа, ова е постапка што бара илјадници документи, потпишани хартии. Мојата сурогат-мајка имаше масажи секој ден, хигиеничарка во куќата… Таму не станува збор за робовладетелство – рекла Марија.

 

Слични објави

Дневен хороскоп за 8 ноември: Кој ќе ужива во љубовта, а кој ќе мора да се соочи со непријатни изненадувања?

Т.Ц.

„Јадев остатоци од туѓи сендвичи, од стрес ми опадна косата“: Бојан Маровиќ за пеколот на почетокот на кариерата

Т.Ц.

„Веднаш знаев дека ќе се омажам за него“: Александра Пријовиќ откри каде се случил првиот бакнеж со Филип Живојиновиќ

Еспресо

Ава Карабатиќ ја демантираше веста за нејзината смрт што се прошири на социјалните мрежи: „Никогаш не би кренала рака на себе“

Т.Ц.

Како феникс се издигна над животните предизвици: Цеце Николова ја пронајде среќата во љубовта со Јане

Еспресо

Здравко Чолиќ дал половина милион евра за стан на Истра, па наишол на проблем – три години не може да се всели

apostolova
Се вчитува....