18.8 C
Скопје
11:45 - 24 септември, 2026

Откриени детали за биографскиот филм за Мајкл Џексон: Тим од соништата и одличен избор на глувна улога

Долгоочекуваниот биографски филм на Мајкл Џексон во режија на Антоан Фуква насловен „Мајкл“ ќе биде објавен во април 2025 година. Главната улога ја доби Џафар Џексон, син на Џермејн Џексон и внук на „кралот на попот“. Филмот ќе започне со продукција на 22 јануари и ќе биде продуциран од Греам Кинг, одговорен за филмови како „The Departed“ и „Bohemian Rhapsody“.

Сценариото е на Џон Логан и според официјалниот опис, филмот ги прикажува триумфите, трагедиите, човечката страна и креативниот гениј на Џексон.

Првата вест за филмот дојде во 2019 година кога беше објавено дека Логан и Кинг повторно ќе соработуваат откако тоа го сторија во филмот на Мартин Скорсезе „The Aviator“ и „The Departed“

Кинг ги доби правата на имотот на Мајкл Џексон, со целата музика на 13-кратниот добитник на Греми, за да го сними филмот, а на почетокот на 2023 година беше објавено дека во филмот ќе глуми Џафар Џексон.

Се уште не се знае дали и како во филмот ќе се осврнат на повеќекратните обвинувања за сексуално злоставување на малолетници за кои пејачот беше обвинет во последните години од животот, а специјализираните медиуми сметаат дека во проектот се вклучени и директори на имотот на пејачот кои може да влијае на наративот.

Во 2005 година Џексон беше ослободен од обвиненијата, но во 2019 година, десет години по неговата смрт, документарниот филм „Leaving Neverland“ повторно ги отвори сомнежите.

Во август 2023 година, судот во Калифорнија пресуди во корист на Вејд Робсон и Џејмс Сафечак, протагонистите на „Leaving Neverland“ и наводни жртви, кои поднесоа жалба на претходната пресуда и сега ќе можат да го продолжат својот случај против бизнисите што му припаѓаа на пејачот.

Џексон почина на 25 јуни 2009 година, на 50-годишна возраст од кардиореспираторен застој поради кој Конрад Мареј, лекарот на уметникот, беше осуден за ненамерно убиство.

 

 

Слични објави

(Фото) Дамјан Дренковски и Александра прославија една година брак во Рим — не ја пропуштија традицијата кај Фонтаната ди Треви

Еспресо

Ѕвездите од српската естрада за дочекот на 2027 година ќе заработат богатство: Објавени и цените на билетите

apostolova

Станете и прошетајте на секој час – оваа мала навика може да го намали ризикот од рак, покажува истражување

Т.Ц.

(Фото) Марјан Петров го стилизираше Јаков Јозиновиќ за ревијата на „Дизел“ во Милано

Еспресо

Хороскоп за 24 септември: Овните ќе бидат енергични, Раковите ќе посакуваат љубов околу себе

Еспресо

(Видео) По 12 години си замина од „Ѕвездите на Гранд“: Еве каде се наоѓа Ана Бекута

Еспресо
Се вчитува....