21:45 - 27 ноември, 2026

Откриена тајната чувана цели две децении – Драгана Мирковиќ ѝ го дала името на ќерка ѝ по оваа пејачка

Иако децата на регионалната мегаѕвезда Драгана Мирковиќ, Марко и Мануела, со години се држеа подалеку од очите на јавноста, деталите за нивните животи секогаш предизвикуваат огромен интерес. Она што малкумина го знаат е приказната зад името на нејзината ќерка Мануела.

Драгана Мирковиќ, која неодамна помина низ медиумски експониран развод од сопругот Тони Бјелиќ, секогаш со гордост истакнува колку нејзините деца се скромни и воспитани. Но, името на нејзината наследничка не е случајно избрано.

Пријателство посилно од славата

Мануела го добила името по познатата пејачка Мануела Ѓуровиќ, која заедно со својот брат Ненад Кострешевиќ ја сочинуваше ултрапопуларната група од 90-тите – „Твинс“ (Twins).

Мануела и Ненад беа многу блиски пријатели и соработници на Драгана во периодот на нејзината најголема слава. Мирковиќ била толку фасцинирана од добрината и искреното пријателство на пејачката, што одлучила својата ќерка да ја крсти токму по неа.

Зошто Мануела Бјелиќ бега од јавноста?

Иако нејзиниот брат Марко е поактивен на социјалните мрежи, Мануела избрала сосема поинаков пат. Таа во моментов нема профил на ниту една социјална мрежа и максимално ја избегнува медиумската експлозија.

„Ја замолив еднаш да облече мој фустан бидејќи е брендиран и ексклузивен, а таа не сакаше ни да чуе. Би ѝ било срам другарките да ја видат во такво нешто. Толку е скромна“, раскажа Драгана во една прилика.

И покрај разводот на родителите, Мануела негува одлични односи со двајцата. Неодамна ја изненади мајка си со влезници за нејзиниот омилен мјузикл „Фантомот од операта“, додека слободното време често го поминува и кај својот татко Тони во Опатија.

Слични објави

Теодора Џехверовиќ го откажа настапот поради повреда: Јавно објави и медицински извештај

Еспресо

„Денеска ќе наполнеше 15 години…“: Јелена Розга се присети на саканиот член на семејството и ги растажи следбениците

Еспресо

(Фото) Познатата готвачка Мартина Симјановска наскоро ќе стане мајка по вторпат: „Бато Лука е спремен за тебе, бебушко!“

К.С.

(Фото) Наташа Беквалац блесна во бордо фустан – со длабоките изрези ја откри тетоважата на колкот

Еспресо

Алекса Балашевиќ сподели емотивен спомен за својот татко Ѓорѓе: „И вечерва месечината го бара својот светец…“

Еспресо

(Видео) Синот на Лозано и ќерката на Мартин Филиповски во улога на музичари — најслатката најава за концертот на „Некст тајм“

К.С.
Се вчитува....