9.8 C
Скопје
13:04 - 1 април, 2026

Од кралицата ниту глас за роденденот на Меган; како Елизабета изреагира во стилот „ни слушнав ни видов“?

Токму кога ќе помислите дека се помириле и како се стивнале страстите меѓу кралицата и нејзиниот отуѓен внук и неговата сопруга, кралското семејство веќе тоа го демантира со своите постапки. Или, подобро кажано, со недостатокот од постапки.

Имено, на официјалните Инстаграм и Твитер профили на кралското семејство годинава не беа објавени роденденски честитки за Меган Маркл која на 4 август наполни 41 година. Наместо тоа, тие прикажуваа фотографии од принцезата Ана во посета на Единбург.

Пораката е испратена до јавноста, Ана е поважна од Меган.

Од друга страна, кратки пораки објавија принц Вилијам со Кејт и принц Чарлс со Камила.

Честитките ништо посебно не порачуваат, тие се чиста формалност, во нив нема ни текст ни душа.

А интересно е што фотографијата од Меган е иста и на двете честитки. И тоа, очигледно, формално.

„ И посакуваме среќен роденден на војвотката од Сасекс“, гласи честитката.

За работите да бидат уште почудни, да потсетиме дека, додека годинава воопшто не се огласи, минатата година кралицата Елизабета Втора прва ѝ го честиташе 40-тиот роденден на војвотката.

Сепак, годинава имаше многу проблеми, што значи дека допрва ќе треба да почекаме да дознаеме за новите случувања на релација Лондон-Калифорнија.

Слични објави

Јована Јеремиќ е страв и трепет за угостителите: „Полоша сум од инспекција, не ми замерувајте“

E.A.

(Фото) Живкица во гламурозно издание, тој е заслужен за ова

apostolova

Почина Биба Струја, човекот-феномен кој со голо тело пржеше виршли и загреваше вода до вриење

E.A.

(Фото) Лара Чолиќ за првпат во јавноста по бомбата која беше фрлена на нивниот дом

Еспресо

(Видео) Колегите на Спенџарска и Роберт открија што ги нервира кај нив

Еспресо

Хороскоп за 1 април: Близнаците откриваат вистина што ги менува, Вагите наоѓаат баланс во себе

Еспресо
Се вчитува....