18.8 C
Скопје
02:37 - 27 јули, 2024

Кијану Ривс протагонист на серија продуциранa од Скорсезе и Ди Каприо, официјално е! Еве за каква улога се работи

Заснована на бестселерот на Ерик Ларсон, драмата му ја дава на Ривс првата главна улога во ТВ серија.

По неколку месеци неизвесност, потврда пристигна од сервисот за стриминг Хулу: Кијану Ривс ќе глуми во „Ѓаволот во белиот град“ („Devil in the White City“), серија напишана од ко-креаторот на „Castle Rock“ Сем Шо, базирана на истоимениот роман на Ерик Ларсон и продуцирана, меѓу другите, од Мартин Скорсезе и Леонардо ди Каприо.

Веста за ангажманот на актерот во овој телевизиски проект кружи од минатиот јануари но дури сега стана официјална.

Заплетот на Ѓаволот во белиот град

Сместена во Чикаго од крајот на 19 век, трилер серијата ја раскажува вистинската приказна за двајца мажи, архитект и сериски убиец, чии судбини засекогаш биле поврзани со Универзалната изложба во Чикаго од 1893 година: ова е приказна за безмилосниот сериски убиец Х.Х. Холмс и брилијантниот архитект Даниел Х. Барнам, најмен да дизајнира зграда едноставно наречена Замок, вистинска смртна стапица за секој што ќе влезе во неа. Тоа била палата изградена специјално за заведување, мачење и осакатување млади жени, „хорор забавен парк“ составен од тајни соби, лизгачки ѕидови, оклопни врати, ќорсокак -скали и ходници, отвори со тобогани, па дури и огромен базен полн со корозивна течност.

Кијану Ривс ќе игра еден од двата главни лика, но се уште не знаеме кој – дали архитектот што ја изградил зградата или убиецот. Во секој случај, за актерот ова е прва важна главна улога во ТВ серија. Во минатото, тој имаше само кратки учества во помалку познати наслови; тој беше ко-ѕвезда на, на пример, шведската комедија Swedish Dicks и се појави како гостин-ѕвезда во некои веб-серии и во пилотот на серијата FOX Action. Се разбира, тој е најпознат по неговите дела на големото платно, како што се, меѓу најновите, „Воскреснувањето на Матрикс“ и четвртото поглавје од сагата за Џон Вик што се очекува во американските кина во март 2023 година.

Слични објави

(Фото) Се појавија експлицитни фотографии од Меланија Трамп: „Сакате да удирате ниско?“

еспресо

(Фото) Романтичен ручек на луксузна јахта: Братот на Новак Ѓоковиќ и сопругата уживаат на море

jasmina.kantardzieva

Цеца Ражнатовиќ жртва на измама: Моето име е злоупотребено, ќе биде добро ако не поднесам кривична пријава

Еспресо

„Веста нè шокираше!“ Соседите на Драгана Мирковиќ од родниот крај го разврзаа јазикот за разводот со Тони Бијелиќ

Еспресо

„Прво ќе те претепа, па ќе ти донесе букет“: Ведрана Рудан ги откри деталите за бруталното насилство во бракот

Еспресо

(Фото) Ѕирнете во домот на Јелена Томашевиќ и Иван Босиљчиќ: Украсен со многу љубов и светлина

Еспресо
Се вчитува....