21.8 C
Скопје
12:41 - 1 октомври, 2026

Нови шокантни детали за смртта на Метју Пери: Полицијата испитува славна жена под сомнеж за поврзаност со случајот

Американскиот актер Метју Пери, кој се прослави со улогата на Чендлер во култната серија „Пријатели“, ненадејно почина во октомври 2023 година на 54-годишна возраст, кога беше пронајден во џакузи во неговиот дом, а според полицискиот извештај – славниот актер починал како последица на консумирање на кетамин и давење во вода.

Но истрагата за смртта не застана тука. Полицијата на Лос Анџелес, сега наводно испрашува славна личност која можеби е поврзана со неговата смрт.

„Во основа беа на лов на убиецот на Метју“, ексклузивно вели извор за „Ин тач“, додавајќи дека славната жена (чиј идентитет не се открива) била приведена на детално испитување.

„Таа е славна личност, а се запознале на рехабилитација, оттогаш станале блиски пријатели“.

Иако „In Touch“ го знае идентитетот на славната личност, нејзиното име нема да биде објавено поради чувствителноста на истрагата која е во тек.

Извештајот од токсикологија покажал дека Пери имал кетамин во телото, а тој не бил пронајден во неговиот дом, па започнала истрага за да се открие кој му го дал на актерот лекот кој се користи за лекување од депресија.

– Тешко е да се каже каква била нејзината улога во сето ова, но таа инсистира дека немала никаква врска со тоа. Полицијата сигурно знаела нешто кога со налог дошла во нејзиниот дом- вели изворот.

Жената која полицијата ја истражува, ангажирала адвокати и одговара на полициските барања за соработка. Таа наводно била шокирана кога ја видела полицијата пред нејзинат врата. Тврдела дека нема поим зошто дошле кај неа.

Неделен хороскоп (од 24 до 30 јуни): Среќна недела за Биковите, неодоливост за Раковите, љубов за Рибите…

Слични објави

Ви трне едната страна од телото? Еве кога причината е безопасна, а кога е потребна итна помош

Еспресо

Александра Јанева сподели момент со ќеркичката Тина: Најважната улога во животот

Еспресо

Урната куќата на Весна Змијанац во Ковачи: Соседите откриваат што се гради на нејзино место

Еспресо

(Фото) Сè „пука“ од страст – Сара Јо ужива во прегратките со Алексеј Бјелогрлиќ

Еспресо

Две едноставни состојки прават голема разлика — рецепт за најкремастата палента

Еспресо

Дневен хороскоп за 1 октомври: Трпението конечно ќе ви се исплати

apostolova
Се вчитува....