04:32 - 8 ноември, 2026

Нови детали за убиството на раперот Тупак Шакур: Случајот сепак не е „оладен“

Полицијата во Невада потврди дека извршила претрес оваа недела во домот на познатиот рапер како дел од истрагата за убиството. Детективите го претресле неговиот дом во Хендерсон, предградие на Лас Вегас, каде Тупак Шакур беше убиен во септември 1996 година.

 

View this post on Instagram

 

A post shared by Tupac Shakur (@2pac)

Полицијата во Лас Вегас не соопшти дополнителни детали за истрагата, велејќи дека истрагата за неговото убиство сè уште е во тек. Шакур имаше 25 години кога бил убиен. Засега никој не е уапсен и засега нема осомничени.

Домот кој беше претресен е на помалку од 35 километри од Лас Вегас Стрип, местото каде што беше застрелан Шакур.

„Потврдуваме дека на 17 јули 2023 година во Хендерсон, Невада е издаден налог за претрес, како дел од истрагата за убиството на Тупак Шакур“, се вели во соопштението на полицискиот оддел од Лас Вегас. „Во овој момент немаме дополнителни коментари“.

Полицаецот од Лас Вегас, Џејсон Јохансон изјави за „Las Vegas Review Journal“ дека детективите повторно работат на „веќе оладениот случај“.

„Тоа е случај кој остана нерешен и се надеваме дека еден ден ќе го промениме тоа“, изјавил тој.

Шакур, чие уметничко име е 2Pac, го издаде својот деби албум во 1991 година и постигна успех на топ листите со хитовите како California Love, All Eyez on Me, Changes и I Ain’t Mad at Cha. Тој почина на 13 септември 1996 година, една недела откако беше застрелан четири пати во неговиот автомобил додека чекаше на семафор. Шакур, кој има продадено повеќе од 75 милиони албуми ширум светот, постхумно беше примен во Куќата на славните на рокенролот во 2017 година.

 

View this post on Instagram

 

A post shared by Tupac Shakur (@2pac)

Слични објави

„Јадев остатоци од туѓи сендвичи, од стрес ми опадна косата“: Бојан Маровиќ за пеколот на почетокот на кариерата

Т.Ц.

„Веднаш знаев дека ќе се омажам за него“: Александра Пријовиќ откри каде се случил првиот бакнеж со Филип Живојиновиќ

Еспресо

Ава Карабатиќ ја демантираше веста за нејзината смрт што се прошири на социјалните мрежи: „Никогаш не би кренала рака на себе“

Т.Ц.

Како феникс се издигна над животните предизвици: Цеце Николова ја пронајде среќата во љубовта со Јане

Еспресо

Здравко Чолиќ дал половина милион евра за стан на Истра, па наишол на проблем – три години не може да се всели

apostolova

Млада Месечина во Скорпија на 9 ноември — време е да го оставите минатото зад себе и да им дадете шанса на новите почетоци

К.С.
Се вчитува....