3.8 C
Скопје
20:11 - 20 декември, 2024

НОВИ ДЕТАЛИ ЗА МИСТЕРИОЗНАТА МЕЛАНИЈА ТРАМП: Поранешната портпаролка на Трамп продолжува да шокира

меланија трамп

Работејќи различни позиции во Белата куќа, вклучително и портпаролката на Доналд и Меланија Трамп, Стефани Гришам поминала пет години, така што тајните на поранешниот претседател и неговата сопруга не се непознати за неа. Во својата книга, која веќе крена голема медиумска прашина, таа откри досега непознати детали за некои настани за време на владеењето на Трамп, но даде и увид во животот на досега најмистериозната американска прва дама.

Стефани Гришам работела како директор за комуникации и шеф на кабинет за Меланија Трамп, што значи дека имала можност добро да ја запознае поранешната прва дама на Америка. Во книгата раскажува за нејзините искуства од тој период, од дешифрирање на бракот на Трамп, преку односите на Меланија Трамп со нејзината поќерка, Иванка Трамп, до нејзината, благо речено, крута работна етика и донекаде бизарна љубов кон уредување на фото албумите. Се подразбира дека семејството Трамп не се воодушевени од новата книга.

Во изјава за „Си-Ен-Ен“, портпаролката на Меланија Трамп изјави: „Авторката очајно се обидува да го рехабилитира нејзиниот нарушен углед со манипулација и искривување на вистината за г-ѓа Трамп. Г-ѓа Гришам е проблематична личност која не заслужува ничија доверба“.

ОПСЕСИВНО ГИ ЧИТАЛА СИТЕ НАПИСИ ЗА СЕБЕ

Кога Меланија Трамп се појавуваше во јавноста за време на мандатот на нејзиниот сопруг, единственото нешто за што се пишуваше беа нејзините модни комбинации. Носеше повеќе луксузни модни брендови и нејзиниот моден стил за многумина беше беспрекорен, но за разлика од претходните први дами кои покренуваа хуманитарни иницијативи и страсно ги претставуваа, Меланија Трамп молчеше во јавноста.

Никој не знаеше што мисли и навистина изгледаше, исто како и натписот на познатата јакна што ја носеше, како да не ѝ беше грижа што мислат медиумите и јавноста за неа. Но, Гришам вели дека тоа било само фасада. На Меланија Трамп навистина се грижела што се пишува за неа.

ПОРАНЕШНАТА ПОРТПАРОЛКА НА ТРАМП ПРОЗБОРЕ: Што видела во Белата куќа на Трамп?

Постојано ги читала сите ситници напишани за неа. „Како и нејзиниот сопруг и сите негови деца, г-ѓа Трамп внимателно ги прегледуваше исечоците од весниците како професионален архитект фокусиран на нацрти. Ниту еден детаљ не беше игнориран, ништо не пропушташе. Гледаше сè“, во својата книга пишува Гришам.

Како нејзината потпаролка, Гришам добивала по неколку пораки дневно од првата дама, и повеќето биле поврзани со тоа како да одговори или во нејзиниот случај да не одговори, на прашања од глобалните медиуми кои сакале подобро да ја запознаат и претстават мистериозната Словенка на пошироката јавност.

МЕЛАНИЈА ТРАМП И НЕЈЗИНАТА ЉУБОВ КОН ФОТО АЛБУМИТЕ

Гришам, исто така, во книгата наведува дека поминала многу малку време во канцеларија со својата шефица. Имено, Меланија воопшто не доаѓала во нејзините канцеларии. Гришам вели дека се сеќава дека ја видела својата шефица во канцеларијата на првата дама само неколку пати во текот на четирите години кога работела во Белата куќа.

„Г-ѓа Трамп работеше од дома долго пред да стане задолжително за време на пандемијата“, вели Гришам. „Кога беше оправдано, имавме лични состаноци, но тие најчесто се одржуваа во други простории. Таму ги планиравме распоредите, одговоривме на итни прашања и разговаравме за целите. Поголемиот дел од времето таа го поминуваше во својата резиденција“.

Гришам вели дека Меланија Трамп била толку често затворена во својата резиденција што Тајната служба ѝ го дала прекарот принцезата Рапунзел или Златокоса затоа што таа останала во својата кула, и речиси никогаш не се симнувала.

 

View this post on Instagram

 

A post shared by alwaysmelaniafan (@alwaysmelaniafan)

Како што пишува Гришам, поранешната прва дама трошела многу време на „грижа за себе“, што вклучувало многу часови сон. Гришам вели дека вработените ретко се слушале со нивната шефица пред 10 часот наутро.

„Таа веруваше дека релаксацијата е клучен дел од ритуалите за убавина, како и, се разбира, спа третманите и третманите на лицето“, пишува Гришам.

Гришам, исто така, вели дека главната работа на Меланија, или второто дете како што го нарекува во својата книга, биле фото албумите. Имено, Меланија со часови и часови компонирала фотографии во фото албумите. Таа внимателно, вели Гришам, прегледувала стотици, ако не и илјадници фотографии за време на нејзината работа во Белата куќа, ги категоризирала и ги ставала во албуми.

ИВАНКА ТРАМП ЈА НАРЕКУВАЛА  – „ПРИНЦЕЗА“

Она што јавноста со години го претпоставуваше, Гришам сега го потврди – двете најважни жени во животот на Доналд Трамп, Иванка и Меланија не се обожавале и зад камерите. Иако овој факт во голема мера се држел далеку од очите на јавноста, Гришам пишува дека секогаш имало тензија меѓу нив, честопати поради желбата на Иванка да биде во центарот на вниманието на јавните настани и патувањата во странство.

Гришам пишува дека, откако станала свесна за нежната врска меѓу таткото и ќерката, Меланија Трамп ѝ дала прекар и зад грб секогаш ја нарекувала – принцеза.

Гневот на Меланија Трамп кон нејзината поќерка честопати се разгорувал за време на патувања во странство, пишува Гришам, главно затоа што поранешната прва дама строго се придржувала до протоколот и традицијата, која била резервирана само за претседателската двојка, а не и за ќерката на претседателот и нејзиниот сопруг.

Особено, кога Иванка Трамп сакала да учествува во посетата на кралицата на Англија во Бакингемската палата, Меланија инсистирала Иванка и Џаред да не бидат во центарот на вниманието. Наместо тоа, двајцата биле фотографирани како гледаат од прозорецот во Бакингемската палата, додека Меланија се дружела со кралицата и Камила, војвотката од Корнвол.

БИЛА МНОГУ ЛУТА ЗА НАВОДНИТЕ АФЕРИ НА ТРАМП

Иако во тоа време „Си-Ен-Ен“ го објави тоа, Белата куќа никогаш не потврди дека Меланија Трамп дошла со посебен автомобил на обраќањето на Трамп до нацијата во 2018 година, како и во заедничката база Ендрјус за да замине на пат, бидејќи му била лута кога во јавноста се појави неговата афера со актерката Сторми Даниелс и поранешната манекенка на Плејбој, Карен Мекдугал.

Во својата книга, Гришам пишува дека Меланија навистина била вознемирена и дека нејзиниот гнев ја натерал јавно да се дистанцира од нејзиниот сопруг. Таа не сакала да ја гледаат како сопруга на политичар која се обидува да го спаси својот сопруг од лошите наслови во медиумите, напротив.

Чувствував дека г-ѓа Трамп се посрамоти и сакаше и тој да се чувствува засрамено. Дали беше способен за тоа или не, не знам“, пишува Гришам за овој период кој како што вели, направил Меланија да стане похрабра и асертивна.

„Го примив нејзиниот повик со кој ме извести дека сака да ја одведат во „Ер Форс 1“ пред нејзиниот сопруг. Ме изненади кога рече: „Не сакам да бидам како Хилари Клинтон, дали разбираш што сакам да кажам?. Таа по вестите за Моника, отидеше до хеликоптерот „Марин 1“ и се држеше за рака со сопругот, но не изгледаше добро“, мислејќи на Моника Левински“, пишува Гришам, која помогнала да се организира логистиката за да се олесни нејзиното барање.

 

View this post on Instagram

 

A post shared by Melania Trump Fan (@alwaysmelania)

Покрај тоа, Гришам морала да оди во „шопинг“ во воената канцеларија во Белата куќа за да најде „згоден помошник“, кој ќе ја придружува првата дама на обраќањето на Трамп до нацијата во Капитол, на барање на Меланија Трамп.

„Г-ѓа Трамп ми се јави да ми каже дека сака еден од нашите воени соработници да ја придружува до Капитол, бидејќи подовите таму биле многу лизгави“, пишува Гришам, која смета дека барањето било само да ја видат со згоден, помлад човек во униформа, а нејзиниот сопруг да биде свесен за нејзината постапка. „Се насмеав затоа што ја видов таа жена како оди по нечисти патишта со високи потпетици“.

МЕЛАНИЈА ТРАМП И ФАМОЗНАТА ЈАКНА

Гришам посветила цело поглавје во својата книга за познатата јакна, дешифрирајќи го инцидентот со зелената јакна, украсена со зборовите: „Навистина не ми е гајле. А вам?“, што го носеше Меланија Трамп кога отиде да го посети Тексасниот центар за имигранти во Тексас.

Гришам навистина не објаснува зошто поранешната прва дама одлучила да облече таква јакна на патувањето во Тексас, пишувајќи дека како и сите други, таа не знаела ништо за таа нејзина одлука. Сепак, Гришам вели дека Меланија не разбирала или навистина не се грижела за големите критики што ги добила за носењето јакна со толку остра и бездушна порака во време кога во Америка беше актуелен проблемот со разделбата на децата имигранти од нивните родители.

 

View this post on Instagram

 

A post shared by Siol.net Trendi (@siol.net_trendi)

Гришам вели дека откако фотографиите од јакната се појавиле во јавност, тие сè уште биле во авионот и се сретнале во приватната кабина на првата дама, обидувајќи се да најдат начин да го одвлечат вниманието на медиумите. Гришам пишува дека во еден момент од разговорот, Меланија предложила да се стави круг со цртичка преку делот „не“ на пораката на јакната – наводно, претворајќи ја во „навистина ми е гајле“ – и потоа требало да тврдат дека новинарите погрешно прочитале. Но Гришам ја разубедила за таа идеја.

Кога првата дама и Гришам се вратиле во Белата куќа, тоа веќе било главна вест во сите медиуми, а Трамп очигледно не бил среќен поради тоа. „Шефот беше кисело расположен“, пишува Гришам за поканата до приватната трпезарија на претседателот, каде што ги чекал. „Тој погледна во својата сопруга, а потоа и во нас. Првите зборови од неговата уста беа: „Што мислевте по ѓаволите?“. На мое изненадување, г-ѓа Трамп седна на столот до него десно (патем, сè уште беше во таа проклета јакна) и се насмевна“.

САКАЛА ДА ИМ ПОКЛОНИ ОГЛЕДАЛА НА ДЕЦАТА ВО АФРИКА

Меланија Трамп сакала на децата во Африка да им поклони огледала во полна големина за да можат да видат колку се убави и силни, тврди Гришам во својата книга. За време на обиколката на основното училиште „Чипал“ во сојузната држава Малави, за време на посетата на Африка 2018 година, тимот на Меланија биле изненадени кога децата молеле да бидат фотографирани со мобилните телефони, бидејќи „сакале да видат како изгледаат“.

Иако Меланија инсистирала на фотографирање, барањето било одбиено од Линдзи Рејнолдс, која во тоа време била нејзин шеф на кабинетот. „Штом се вративме во САД, таа сакаше да испратиме големи огледала во училиштето“, пишува Гришам, цитирајќи ја Меланија: „Мораме да им испратиме огледала. Децата треба да знаат како изгледаат и да видат дека се многу силни и убави“. Гришам пошува дека иако Меланија инсистирала, барањето било одбиено од Рејнолдс, која рекла дека канцеларијата на советникот во Белата куќа одлучиле дека тие ќе го решат тоа.

„Се разбира, тоа е само мое мислење, но никогаш не поверував дека тоа е вистина, бидејќи Линдзи постојано ми велеше дека мисли дека тоа ќе биде ПР кошмар – поранешен модел да испрати огледала до децата во Африка. Сите во таа Бела куќа мислеа дека се експерти за комуникација, тоа беше приказна за мојот живот“, напишала Гришам.

ТРАМП ОЧИ ВО ОЧИ СО СКАНДАЛ: Поранешната портпаролка ќе му ги истури тајните во јавност со нова книга

 

Слични објави

(Фото) Деколтето во преден план: Данијела Димитровска „пука“ од сексапил во целосно бела комбинација

Еспресо

(Фото) Чантата на Јелена Томашевиќ вреди колку зимување на Копаоник: Сите зборуваат за ова модно парче

Еспресо

(Фото) Поранешниот сопруг на Драгана Мирковиќ ужива за сите пари: Чаша бело вино и нереална глетка на убава дестинација

Еспресо

По раскинувањето со Зоран Марјановиќ, Инди откри валкани детали за поранешниот: „Манипулатор кој ми го испра мозокот“

Еспресо

Оваа земја ќе биде засекогаш исфрлена од Евровизија? Има една причина

Еспресо

Разоткриен просекот на оценките на Јована Јеремиќ од факултет: Сакам да ги нервирам квазиинтелектуалците

Еспресо
Се вчитува....