08:48 - 4 ноември, 2026

Новак Ѓоковиќ се огласи по повод доаѓањето на Чесниот појас на Пресвета Богородица во Белград: „Помилуј нè и благослови нè“

Новак Ѓоковиќ се огласи од Париз, каде што се подготвува за Ролан Гарос, по повод доаѓањето на Чесниот појас на Пресвета Богородица во Белград. Најдобриот светски тенисер, кој често јавно ја истакнува својата вера, сподели порака на социјалните мрежи инспирирана од овој настан.

„Богородице Дево, радувај се благодатна Маријо. Помилуј нè и благослови нè“, напиша Ѓоковиќ во својата објава.

Чесниот појас на Пресвета Богородица, кој по православното предание се чува во манастирот Ватопед на Света Гора, пристигна во Србија по 650 години. Светиот предмет е донесен во придружба на игуменот на манастирот, архимандрит Јефрем.

Според преданието, појасот го изработила самата Богородица од камилски влакна и го носела за време на бременоста со Исус Христос. Се смета за една од најзначајните православни реликвии.

Планирано е појасот да биде изнесен на голема литургија во четврток, по повод празникот Спасовден, кога е и слава на Белград. По литургијата, патријархот Порфириј ќе го положи во храмот „Свети Сава“.

Според светогорското предание, на верниците кои ќе се поклонат на оваа светост ќе им биде дадена осветена лента како благослов од допирот со реликвијата.

Инаку, мајката на Новак Ѓоковиќ, Дијана Ѓоковиќ, претходно изјавувала дека тој добил посебен благослов од патријархот Павле, по што неговата спортска кариера тргнала во нагорна линија.

Слични објави

Хороскоп за 4 ноември: Ракови, не влегувајте во конфликти со оние кои имаат нешто против вас

Еспресо

„Омразата не смее да биде нормалност“: Тамара Тодевска реагираше на изјавите на Петар Богојески

К.С.

(Видео) Мишо Ковач испратен во Сплит – повеќе од 30.000 луѓе му оддадоа почит, колегите ги пееја неговите песни

Еспресо

(Фото) Борко Ристовски го прослави 44. роденден, Нина му посвети порака за нивната љубов и семејство

К.С.

(Фото) Голема прослава во домот на Тијана Богичевиќ: Цеца веднаш ѝ испрати честитка

Еспресо

„Жената не е ничија сопственост“: Вики Чадиковска остро реагираше на изјавите на Петар Богојески за машкиот надзор

К.С.
Се вчитува....