00:37 - 4 ноември, 2026

Пукна пријателството: Нучи и Војаж повеќе не се во контакт

Михаило Веруовиќ Војаж и Игор Паниќ Нучи го прекинаа своето пријателство по долгогодишно дружење, дознава српски „Курир“.

Како што изјавиле нивни поранешни пријатели, причините за таа одлука се повеќе, а иницијатор на крајот бил Војаж.

Дека нешто не е во ред меѓу некогаш блиските пријатели во естрадните кругови се шпекулира веќе подолго време. Сепак, точка на тие нагаѓања стави самиот Војаж, кога не се појави на гала промоцијата на Паниќ пред неколку дена во „Сава центар“.

Иако со години важеа за неразделни пријатели и соработници, последните потези на Војаж и Нучи ги поттикнаа гласините дека меѓу нив повеќе не е сè како порано. Фановите веднаш забележаа дека Војаж не се појавил на промоцијата на новиот албум на Игор, и покрај тоа што на настанот се собрале голем број познати личности.

„Вистина е дека Нучи уредно испратил покана до Војаж и го повикал, но тој не се јавувал, ниту му честитал за новите песни. Тоа многу го разочарало. Тој бил подготвен сè да направи за него, а тој така му враќа. Се почувствувал изневерен и за тоа има право. Ако некој го бранел и поддржувал од почетокот на неговата кариера, тоа бил токму тој. На сето тоа, Војаж не го поддржал ниту јавно на социјалните мрежи, што претходно редовно го правел“, изјавиле изворите.

 

Слични објави

„Омразата не смее да биде нормалност“: Тамара Тодевска реагираше на изјавите на Петар Богојески

К.С.

(Видео) Мишо Ковач испратен во Сплит – повеќе од 30.000 луѓе му оддадоа почит, колегите ги пееја неговите песни

Еспресо

(Фото) Борко Ристовски го прослави 44. роденден, Нина му посвети порака за нивната љубов и семејство

К.С.

(Фото) Голема прослава во домот на Тијана Богичевиќ: Цеца веднаш ѝ испрати честитка

Еспресо

„Жената не е ничија сопственост“: Вики Чадиковска остро реагираше на изјавите на Петар Богојески за машкиот надзор

К.С.

Ханка Палдум се прости од Мишо Ковач: „И покрај сите животни предизвици, остана ист, наша легендо, почивај во мир“

Еспресо
Се вчитува....