10.8 C
Скопје
03:10 - 14 октомври, 2026

Тешко на оние кои сакаат да ми ја земат слободата: Маја Оџаклиевска со интимна приказна

Поп-дивата Маја Оџаклиевска уште еднаш ја покажа својата препознатлива искреност и силен карактер за време на своето гостување во ТВ Уна во Белград.

Низ смеа, но со јасен став, таа проговори за својот хороскопски знак, за тоа како реагира кога некој се обидува да и го ограничи личниот простор. Маја не крие дека нејзиниот темперамент е силен и дека не трпи авторитети кои се обидуваат да ја контролираат.

„Јас сум Бик во хороскоп, со подзнак на Овен. Дупла рогата! Значи, тешко на оној што ќе ми каже ‘немој така’“, изјави Оџаклиевска низ смеа.

Таа додаде дека има посебно претчувство за луѓето и за ситуациите во кои се наоѓа: „Имам некаков чувство како… Мислам дека би било добро да пријдеш поблиску отколку станам да те удрам“, вели Маја низ насмевка.

Маја вели дека е личност која секогаш дава сè од себе за луѓето и никогаш не ги изневерува оние што ги сака, но нагласува дека за возврат бара само една работа – слобода.

„Само вие пуштете ме на мир. Нема да ве разочарам, нема да ве изневерам. Ама пуштете ме, дајте ми простор!“, вели Маја.

За крај, пејачката испрати јасно, но духовито предупредување до сите кои не ги почитуваат нејзините граници.

„Штом некој ми некој одземе малку од тој простор, мислам дека е подобро веднаш да се тргне настрана. Подобро сам да се тргне, отколку јас да го тргнам!“, заклучува Маја. Оваа нејзина изјава го насмеа познатиот водител Бошко Јаковљевиќ.

Слични објави

Хаос на српската естрадата: Дечкото на Мина Костиќ, Каспер, ја тужи Јована Јеремиќ!

apostolova

Ава Карабатиќ се смири со бившиот што ја претепа: „Планираме дете“

Еспресо

(Фото) Станот на Данијела Димитровска изгледа како приватен моден салон: Има посебна витрина за скапоцени чанти

apostolova

(Фото) Оваа убавица е новата девојка на Марко Јариќ? Поранешниот кошаркар излезе на вечера со ќерките и партнерката

Еспресо

Тарик Филиповиќ објави ретка фотографија со синот Арман – уживаа на посебно место

Еспресо

(Видео) Ханка Палдум откри што најмногу ја боли: За жал, не сум во добри односи со мојот син

Еспресо
Се вчитува....