7.6 C
Скопје
11:33 - 19 февруари, 2026

НОВ ФИЛМ: Леонардо Дикаприо ќе го глуми водачот на култот поради кој се самоубија 900 луѓе

Поминаа повеќе од 40 години откако лидерот на култот Џим Џонс убеди повеќе од 900 свои следбеници на самоубиство, а неговата приказна наскоро ќе заврши на големото платно, со Леонардо ди Каприо во главната улога.

Како што пишува „Deadline“, филмот „Jim Jones“ ќе го раскаже животот на Џонс, а 46-годишниот актер веќе потпишал договор за главната улога и продукција преку неговата продукциска куќа „Appian Way“, водена од Џенифер Дејвисон.

џим џонс
Џим Џонс / Фото: Принтскрин/Јутјуб

Во 1955 година, Џим Џонс го основал Храмот на народот во Индијанаполис, верска организација во која го промовирал христијанскиот социјализам. Тој ги здружил силите со Учениците на Христос (Disciples of Christs) во 1964 година, а една година подоцна ја преселил својата група во Калифорнија и на крајот се населиле во Сан Франциско.

леонардо дикаприо
Леонардо Дикаприо / Фото: EPA-EFE/ETIENNE LAURENT

До 1970-тите, почнал да го отфрла христијанството, па дури се осмелил да тврди дека тој самиот е Бог. Во 1974 година во Гвајана, почнал да ја гради својата населба Џонстаун и да ги убедува своите следбеници да дојдат таму да живеат со него, бидејќи местото било ослободено од угнетувањето на американската влада.

џим џонс
Џим Џонс / Фото: Принтскрин/Јутјуб

Но, до 1978 година, почнале да се шират приказни за кршење на човековите права, што ја натерало американската влада да испрати делегација да спроведе истрага. Делегацијата била предводена од американскиот претставник Лео Рајан и завршила со крвопролевање. Рајан и уште четворица бегајќи од Џонстаун биле убиени од следбениците на Џонс додека се качувале на летот за дома.

Истиот ден, 18 ноември 1978 година, Џонс организирал масовно самоубиство на неговите следбеници. Од нив животот го загубиле 918, од кои 304 деца, пиејќи сок од „Flavour Aid“ со додаток на цијанид.

леонардо дикаприо
Леонардо Дикаприо / Фото: EPA-EFE/ALEX GALLARDO

Масовното самоубиство, се до терористичкиот напад на 11 септември, беше најголемата загуба на американски животи во историјата. На местото на настанот е пронајдена и 45-минутна аудио снимка од масовното самоубиство.

И самиот Џонс бил пронајден мртов на сцената на централниот павилјон во Џонстаун, со прострелна рана како чин на самоубиство.

Слични објави

„Простете ми за моето грдо минато“: Аца Лукас проговори за дуетите со Цеца и направените грешки

Еспресо

Ѝ се слошило среде снимање спот! Надица Адемов доживеа незгодна ситуација, откри како се чувствува

Еспресо

(Фото) Прорези горе и долу: Сека Алексиќ провоцира во тесен фустан, облините во преден план

Еспресо

Хороскоп за 19 февруари: Овните треба да избегнуваат импулсивни одлуки, Лавовите ќе го истакнат своето лидерство

Еспресо

(Фото) Ѓина Џиновиќ доби 1.000 црвени рози: Во свилена бањарка позираше покрај огромните букети

Еспресо

Принцот од Врање стана сензација во Азија: Кинезите воодушевени од Стефан Здравковиќ

Еспресо
Се вчитува....