7.8 C
Скопје
03:32 - 30 март, 2026

Ноне се отвори за својата посилна половина и за авантурите што ги чекаат

Ноне Неделковска раскажа интимна приказна за својата посилна половина и за своите идни планови.

Шармантната пејачка од Велес, која одамна не е многу активна во музиката, и веќе 12 години работи на бродови, наполни 39 години. По повод својот роденден, Ноне раскажа личен дел од својата животна приказна:

-Имав среќа да посетам 75 земји, прво преку мојата музичка кариера , а потоа работејќи на крстосувачки бродови – најдобрата одлука во мојот живот!

Фото: Фејсбук

Светот ми даде повеќе од само знаменитости – ми даде лекции, перспективи и подлабока љубов кон луѓето насекаде. Ниту една фотографија или видео не може да ги долови емоциите од тоа што го гледам со свои очи.

Патувањето ме трансформираше, го обликуваше начинот на кој го гледам животот и ме направи подобра личност.

Преостанатите делови од светот, сонувам да ги истражам со мојата посилна половина и, ако Бог даде, со моите деца. За авантурите зад мене и за оние што сè уште ме чекаат“, напиша велешанката на Фејсбук.

Фото: Фејсбук

Слични објави

Сексуалност по 40-та: Како промените во телото да ги претворите во своја предност

Еспресо

Роберт де Ниро на протестот против Трамп: „Време е да му кажеме не, мора да биде запрен“

Еспресо

Венера во Бик: Почнува најромантичниот период од пролетта

Еспресо

Аца Лукас уапсен на аеродром во Шведска, му бил забранет влез во земјата

Еспресо

Дарко Лазиќ настапи по смртта на брат му – Дел од јавноста го осуди, семејството застана во негова одбрана

apostolova

Тензија во прв ред на концертот на Чолиќ – Милица Павловиќ и Сара Јо избегнуваа контакт

Еспресо
Се вчитува....