07:48 - 28 ноември, 2026

Николина Пишек и Миша Гроф одат на суд: Покрената кривична постапка против таткото на покојниот Видоје, ќе се докажува и имотот

По ненадејната смрт на Видоје Ристовиќ, неговата сопруга Николина Пишек и неговиот татко Витор Ристовиќ, попознат како Миша Гроф, започнаа големи конфликти. Тие си упатија многубројни меѓусебни обвинувања, а сега адвокатот на Николина, Силвије Храсте, за хрватските медиуми потврди дека против Витор е покрената кривична постапка за семејно насилство.

 

View this post on Instagram

 

A post shared by Nikolina Pisek (@nikolina_pisek)

Дополнително, во соопштението на адвокатот се наведува дека имаат сознанија дека покојниот Видоје поседувал имот во Србија кој бил негов личен имот, пренесуваат српските медиуми.

Храсте, за РТЛ, раскажа и дека не само што е адвокат на Николина Пишек, туку во изминатите години соработувал со покојниот Видоје и има сознание за неговите деловни активности кои „немаат врска со семејниот имот“, „имаме информација кај кого е и каде е тој имот“.

Инаку, Пишек и починатиот Ристовиќ имаат и два хипотекарни долгови во вкупен износ од 800.000 евра.

Пишек на суд ќе ја застапува токму адвокатот кој на покојниот Видоје му позајмил голема сума пари за купување на куќа.

Сосема е јасно зашто токму Храсте одлучил да ја застапува Николина во судскиот процес кој е подигнат против свекорот Миша Гроф.

Слични објави

Катарина Живковиќ застана во одбрана на Вељко Ражнатовиќ: „Момчињата не носат здолништа и точка“

Еспресо

„КРАЈ. Станав и си заминав“ — Нина Ред раскажа за непријатното искуство со повозрасен маж

К.С.

Теодора Џехверовиќ го откажа настапот поради повреда: Јавно објави и медицински извештај

Еспресо

„Денеска ќе наполнеше 15 години…“: Јелена Розга се присети на саканиот член на семејството и ги растажи следбениците

Еспресо

(Фото) Познатата готвачка Мартина Симјановска наскоро ќе стане мајка по вторпат: „Бато Лука е спремен за тебе, бебушко!“

К.С.

(Фото) Наташа Беквалац блесна во бордо фустан – со длабоките изрези ја откри тетоважата на колкот

Еспресо
Се вчитува....