16:53 - 31 октомври, 2026

Ние сами, вие сите: Необична приказна на Антониа, Благица Павловска и Џокер

Фолк-легендата Благица Павловска и младата поп-ѕвезда Антониа Гиговска повторно го привлекоа вниманието на јавноста, откако заедно се појавија на фотографија која ја сподели Роберт Спасенцовски – Џокер, сопругот на Антониа.

„Ние сами вие сите“, напиша тој во описот.

Фотографијата не е случајна ако се земе предвид дека Благица и Антониа веќе имаат и музичка приказна зад себе. Двете пејачки пред извесно време ги споија генерациите со дуетот „Чукај срце“, преработка на стар хит на Благица. Во песната се појавува и Џокер, кој внесува дополнителна динамика со својот дел.

Оваа песна беше прифатена како необичен, но успешен спој на македонската естрадна традиција и современиот поп-звук.

Зад музиката стојат Дарко Димитров и Медо Чун, додека аранжманот го потпишуваат Димитров и Дамир Имери. Продукцијата е на Димитров, а текстот е заедничко дело на Димитров, Спасенцовски и Павловска. Придружните вокали ги изведува Гиговска.

Видеоспотот е реализиран од „Лимитед Рулс“, со Кристијан Теодоров како директор на фотографија, во соработка со професионална екипа што стои зад визуелниот концепт

Слични објави

Сестрата на Тоше Проески, Дора, сподели емотивно видео од Тоше со татко му Никола

Еспресо

Како да исчистите калинка без да направите неред во кујната? Едноставен трик со вода што навистина функционира

К.С.

За Ноќта на вештерките — балкански хорор-филмови што ќе ве натераат да спиете со запалено светло

К.С.

Пејачката Мијата прослави 19 години љубов со сопругот: Романтика на плажа со песна од Селин Дион

Еспресо

Улогата на Снежана Савиќ во „Подобар живот“ требало да ја добие оваа пејачка!

Еспресо

Ноќта на вештерките не е измислица на модерното време — како настанал празникот и зошто резбаме тикви?

К.С.
Се вчитува....