16:41 - 27 август, 2026

(Видео) Не ми наредувај: Цеца раскажа ретка приказна за Аркан и за мајка ѝ

Цеца Ражнатовиќ се отвори за бракот со Жељко Ражнатовиќ-Аркан и раскажа лична приказна која досега не ѝ беше позната на јавноста.  Таа во шоуто на Гоца Тржан откри:

„Јас си спијам, едно попладне, сама си сум газдарица во својата куќа, кога… некој ме буди. ‘Станувај! Станувај моментално од кревет! Маж ти доаѓа од работа, поставен ручек… ти уште спиеш. Како не ти е срам?’

​Зошто да ми е срам? Па си спијам додека јас сакам. Што ти е тебе, жено? Не можеш да ми наредуваш повеќе!“, се присети Цеца.

Потоа се присети како Аркан застанал во нејзина одбрана и на мајка ѝ ѝ кажал:

​„Миро, Миро. Па тоа е моја сопруга сега. Немаш ти никакви ингеренции повеќе над неа. Нека си спие и нека си ужива додека сака, мене ми треба среќна и задоволна жена“, рече Цеца и додаде:

„Па, каде ќе најдам таков сега ? Нема!“.

 

View this post on Instagram

 

A post shared by Balkan Music (@balkan.music26)

Слични објави

Совети од Клиника „Жан Митрев“: Што е перзистентниот форамен овале

Еспресо

Љубовни искри од сцената: Анета Љумаковска со сопругот на „Охрид фест“ – песната „Срцево те бендиса“ веднаш влегува во уво

Еспресо

Богатството на Доли Партон се проценува на 450 милиони долари: Кој ќе ја наследи империјата?

Т.Ц.

Нина Бадриќ донираше дел од хонорарот на семејство кое изгуби сè во пожарот во Омиш

apostolova

Маја Вукиќевиќ објави фотографија со Ванчо Петрушевски и Гоце Тодоровски: „Легенди кои вечно ќе живеат во нашите спомени“

Еспресо

Заветот на овчарот – зошто секоја година се дава ручек во Скребатинскиот манастир на празникот Голема Богородица

Еспресо
Се вчитува....