10.8 C
Скопје
03:29 - 31 март, 2025

(ВИДЕО) НЕВЕРОЈАТНО: Експеримент кој во 1951 година докажал колку лесно луѓето паѓаат под туѓо влијание

соломон аш

Соломон Аш бил полско-американски гешталт психолог и пионер во социјалната психологија. Во 1950 година, тој го извел еден од најпознатите и најконтроверзните експерименти во историјата, кој имал за цел да го тестира степенот до кој поединецот го избира сопствено мислење под влијание на мислењето на другите. И, секако, резултатите биле поразителни, пренесува „b92“.

Експериментот кој денес е познат како експериментот на Аш имал многу варијации, но во суштина бил многу едноставен – на субјектот му се покажува една линија со одредена должина и три други линии. Неговата задача била да каже која од трите линии е со иста должина како првата прикажана. Во исто време, не станувало збор за мала разликата во должина, но одговорот сепак бил сосема очигледен.

Испитаникот бил сместен во соба со уште седум други лица кои всушност биле соработници на Аш, без испитаникот да знае за тоа. Испитаникот секогаш седел на крајот од редот, па морал да ги слуша одговорите на оние пред него.

Во првиот случај, секој од испитаниците на таканаречената „контролна група“ имал задача да даде своја независна проценка, а околу 95% од луѓето го дале точниот одговор.

Одговорите биле далеку поинтересни кога на соработниците на Аш им било наложено да прават намерни грешки!

Луѓето се лековерни

Откако ги слушнале луѓето пред нив како даваат погрешни одговори, и испитаниците одговориле погрешно! Ова е докажано во 80 проценти од случаите! Кога ги прашале зошто покажале на линијата која очигледно не е иста како првата прикажана, одговорот обично бил дека не сакале да привлечат внимание кон себе или да создадат раздор во групата.

Понатамошните експерименти покажале дека конформизмот зависи и од бројот на луѓе во групата. Кога во групата има уште две лица, конформизмот се зголемува на 15 проценти, потоа на 30 со три и 35 проценти со четири лица.

Конформизмот зависи и од двосмисленоста на задачата. Аш ја менувал разликата во должина на линиите. Колку била поголема разликата во должината, толку помалку конформизмот се намалувал.

Заклучокот на Аш бил недвосмислен – тешко е да се одолее на притисокот на групата и да се задржите себеси во толпата!

Слични објави

(Видео) Фрлиле солзавец на настапот на Теодора Џехверовиќ, пејачката проговори: Се исплашив

Еспресо

Почина Маринко Колнаго, основачот на „Нови фосили“

Еспресо

(Фото) Цеца на концертот пристигна со бесен автомобил, платила 120.000 евра за луксузното возило: Сите очи свперени во новиот имиџ на пејачката

Еспресо

(Фото) Душко Тошиќ отпатува со ќерките надвор од Србија: Ги однесе на омиленото место на Карлеуша

Еспресо

Маж од публиката го прекина концертот на Цеца Ражнатовиќ синоќа: Таа почна да го повикува обезбедувањето

Еспресо

Хороскоп за 30 март: Стрелците да бидат отворени во љубовта, Девиците да бидат искрени кон партнерот, а вие?

Еспресо
Се вчитува....