08:47 - 16 ноември, 2026

(ФОТО+ВИДЕО) „НЕПРИМЕРНА“: Кендал Џенер нападната поради фустанот што го носела на венчавка!

кендал џенер

Кендал Џенер стана мета на лавина критики за фустанот кој го носела на една венчавка.

Имено, Кендал се појавила на забава по свадбената церемонија на нејзината пријателка Лорен Перез во црн фустан кој повеќе открива отколку што покрива, а корисниците на социјалните мрежи почнаа да коментираат дека е „непримерно“ за една млада девојка да се појави во таква комбинација.

„Ова е толку невкусно. Добро, ако невестата го одобрила ова, но во спротивно…“, „Не е пристојно да го носиш ова на нечија венчавка“, коментираат твитерџиите.

Работата отиде дотаму што некои американски медиуми како „USA Today“ стапиле во контакт со експерти за бонтон.

„Фустанот е фантастичен. Прекрасен е. Многу добро ѝ стои. Но едноставно не е фустан што треба да го носите на венчавка“, изјавил експертот за бонтон, Елејн Сван.

 

View this post on Instagram

 

A post shared by Grazia (@grazia_fr)

„Една од првите насоки на бонтон во однос на тоа што да се облече на венчавка е да не се носи бело или бои блиски до бело. Второ „правило“ е поврзано со тоа да не носиме ништо што би можело да ја засени невестата“, вели таа.

„Важно е да избереме облека што ни ласка, но во исто време да не ни ласка толку многу што ќе ја засени невестата“, додава Елејн.

И додека некои ја критикуваа Кендал поради фустанот, други, секако, ја бранат.

„Па девојката има право да носи што сака“, „Фустанот е одличен, одлично ѝ стои, зошто да не го носи?“, коментираат други, додавајќи дека Кендал ја испочитувала невестата за време на церемонијата каде како една од деверушите облекла фустан по избор на невестата, а се сменила дури подоцна, за забавата.

Слични објави

Хороскоп за 16 ноември: Ракови, верувајте ѝ на вашата интуиција

Еспресо

Една порција зелен лиснат зеленчук дневно — што открива истражувањето за помнењето во повозрасната доба?

К.С.

(Фото) Џејла Рамовиќ во впечатливо издание – блесна во мини фустан со кој ги истакна нејзините долги нозе

Еспресо

Сопругата на Лазар Ристовски ѝ одговори на жена која ја нарече спонзоруша: „Ги доби своите пет минути“

Еспресо

„Каде песно моја“ – меланхоличниот евергрин на Славе Димитров што речиси пет децении ја чува својата магија

Т.Ц.

Весна Ривас ја прослави годишнината со сопругот кој ја изневерувал – се разделија, а денес повторно се заедно

Е.А.
Се вчитува....