17:28 - 7 ноември, 2026

Немаше лесен живот, но има големо срце: Цеце од „Канал 5“ со приказна која тера солзи на очи

Водителката Цеце Николова која е израсната без родителска грижа, сподели приказна која тера солзи на очи. Таа сега е дел од Утринската програма на Тв „Канал 5“.

-Девојки, штотуку направив една чистка на шкафот како за крај на годинава, и сакам да ви подарам два фустани што може одлично да ги искомбинирате за  најлудата ноќ. Двата се големина С и се носени по еднаш.

Пратете ѝ го следното стори на секоја девојка што знаете дека во моментов не е во можност да си дозволи ново новогодишно фустанче- напиша Цеце, а потоа сподели слики од неа во фустаните кои ги подарува.

Фото / Инстаграм

Цеце Николова во повеќе наврати храбро и отворено зборува за алопецијата и за тешките мигови низ кои минала во животот, откако ја оставиле родителите. Години потоа, таа е среќна за сите успеси што сама ги постигнала. Како дел од тимот на  утринската програма „Здраво Македонијо“, Цеце вели дека ужива пред камерите, но и во животот.

Фото / Инстаграм

-Мојата огромна желба да не сум жртва во ничии очи ниту да живеам така, беше главниот мотив да пребродам сè и да продолжам понатаму. Во ред, ме оставиле родителите, сум имала тешко детство, но никогаш не сакав животот да го посветам на жалење по нешто што не сум го имала“- рече водителката за „Слободен печат“.

Слични објави

Како феникс се издигна над животните предизвици: Цеце Николова ја пронајде среќата во љубовта со Јане

Еспресо

Здравко Чолиќ дал половина милион евра за стан на Истра, па наишол на проблем – три години не може да се всели

apostolova

Млада Месечина во Скорпија на 9 ноември — време е да го оставите минатото зад себе и да им дадете шанса на новите почетоци

К.С.

(Видео) Сопругот на концертот на Гоца Тржан се соблече во Сава Центар: Го покажа своето мускулесто тело, публиката го награди со аплауз! 

Еспресо

Утре се празнува Митровден — обичаите и верувањата што Македонците ги негуваат со векови

К.С.

(Фото) Сè е уредено со многу стил – ѕирнете во луксузниот дом на Нина Бадриќ

Еспресо
Се вчитува....