09:55 - 7 ноември, 2026

Александра Пријовиќ за ромското потекло: „Јас не кријам ништо и не се срамам“

Српската пејачка Александра Пријовиќ ја освои публиката кога за првпат стапна на сцената на српскиот музички натпревар на „Ѕвездите на Гранд“ во 2013 година.

Меѓутоа, најголемата популарност ја стекна кога, на почетокот на 2016 година, влезе во врска со Филип Живојиновиќ, посинок на Лепа Брена и син на Боба Живојиновиќ. Оттогаш, регионот го следи секој чекор на Александра Пријовиќ, а на многумина им е интересно нејзиното потекло.

Популарната фолк пејачка е родена во Сомбор. По разводот на своите родители, дел од детството го поминала со мајка си во Бели Манастир, а дел со татко си во Бачка Топола.

– И мајка ми Борка е пејачка. Од неа и научив да пеам. И баба ми по мајка пееше – рекла Александра и додала дека ѝ било чудно кога јавноста се шокирала од информацијата дека Бора, нејзиниот дедо по мајка, бил Ром.

– Јас тоа не го кријам и не се срамам. На Ромите песната им е во крвта, а како што се вели, крвта не е вода – рекла Александра Пријовиќ, а пренесе „Блиц жена“.

 

Слични објави

Викенд-појадок што мириса на детство — меки ролнички со сирење, готови за помалку од еден час

К.С.

Хороскоп за 7 ноември: Девиците ќе добијат пофалба што ќе им го разубави денот, Скорпиите ќе ја послушаат интуицијата

Еспресо

(Фото) Синот на Пеце од „Суперхикс“ наполни 18 години: „Те сака една будала од татко. Засекогаш!“

К.С.

Мина Костиќ е обвинета за кражба на облека во трговски центар – пејачката веднаш се огласи

Еспресо

(Фото) Миа Костова за промените во тежината: „Во короната качив 20 килограми, денес ја одржувам истата тежина веќе четири години“

К.С.

(Фото) Синот на Лепа Брена не ја крие девојката: Александра во мини-фустан привлече внимание на семејна прослава

Еспресо
Се вчитува....