08:44 - 25 ноември, 2026

„Немаме причина да бидеме љубоморни на Западот“: Ќерката на Горан Бреговиќ откри детали за новиот ангажман

Младата актерка Уна Бреговиќ веќе некое време привлекува големо внимание во јавноста, а по главната улога во остварувањето „Круна“, што беше нејзино филмско деби, сега ќе глуми во новата серија „Предизвик“.

Во серијата на Владимир Алексиќ, Уна ја толкува Моника, млада модна дизајнерка од Париз, која доаѓа да ја посети својата најдобра пријателка Тара, а сега за прв пат ги откри деталите за својата улога:

– Јас сум чувствителна и топла, па затоа беше најголемиот актерски предизвик за мене, да играм некој што е сосема различен од мене. Таа влегува во конфликт со ликовите, но како што напредува епизодата, станува сè пољубезна и добра – изјави актерката во емисијата на Танјуг Рефлектор.

Зборувајќи за серијата „Предизвик“, Бреговиќ истакна дека станува збор за комедија што се разликува од типичните балкански серии.

– Начинот на кој луѓето се дружат тука, како се шегуваат, се поддржуваат едни со други и заедно го поминуваат животот е ставен во преден план. Во серијата има и прекрасни семејни моменти, љубовни приказни, а во епизодата во која глумам, ќе има акцент на модата и занаетите на Балканот. Покажуваме дека немаме причина да бидеме љубоморни на Западот – рече таа.

Кога ја прашале што научила за време на снимањето, Бреговиќ открила дека највредната лекција била да се опушти.

– Имав тенденција премногу да се преиспитувам, бидејќи сум повеќе навикната на драмски улоги, а тука беше комедија. Од режисерот и моите колеги научив да се опуштам и да дадам простор за импровизација, да го прифатам она што другите актери го внесуваат на сцената. Научив многу, растев и беше прекрасно – заклучи Бреговиќ.

Слични објави

Дневен хороскоп за 25 ноември: Не плашете се да предложите нешто различно

Е.А.

Не дозволувајте попустите да ви го испразнат паричникот — како паметно да пазарувате на Црн петок?

К.С.

Вики Миљковиќ откри зошто не оди на слава кај кумата Цеца Ражнатовиќ

Еспресо

(Фото) Синот на Лепа Брена ја украси елката во станот вреден 700.000 евра – сите гледаат во необичниот украс на врвот

Еспресо

Секој има свој кат: eве кој сè живее во замокот на Драгана Мирковиќ вреден 50 милиони евра

Еспресо

Го напушти Мостар со 200 марки в џеб, преживеа семејна трагедија и стана една од најголемите регионални ѕвезди

apostolova
Се вчитува....