01:33 - 11 ноември, 2026

Емотивна приказна на актерот Дац за неговата мајка Лидија

Актерот Драган Спасов- Дац објави емотивна приказна за неговата мајка, поетесата Лидија Лучко Јеремиќ со која е посебно поврзан. Поводот е 81. роденден на уваа убава дама, а актерот по тој повод на Фејсбук напиша:

„Денеска и е роденден на мојата мајка. Но оваа мајка не е како другите мајки, ова мајка решила да ме роди баш мене и да стане моја мајка.
Мојата мајка се вика Лидија и таа е најдобрата и најубавата мајка на светот. Јас сум нејзината среќа, нејзината љубов, нејзиниот најсакан син и секогаш кога ќе ме погледне нејзините очи зрачат со љубов.
Од прославата на 80. роденден на мајката на Дац лани Фото/ Фејсбук
Можам да ја препознаам по мирисот и по топлината на нејзината рака, по насмевката и по добрината во гласот. Е, баш таа мајка е мојата мајка која решила да ме одгледа оваков каков што сум.
Сите мајки на светот се добри но само една ме сака бескрајно. Среќен роденден мајко моја!
(Посветено на сите мајки, посебно на мојата)“, напиша Дац.
Дац со емотивна посвета ѝ го честиташе роденденот на мајка си Фото/ Фејсбук

Слични објави

(Фото) Сара Јо го прослави 33. роденден во друштво на најблиските, а Алексеј Бјелогрлиќ не ја испушташе од прегратка

Еспресо

(Фото) Елеганција во црвено — Анета Љумаковска во впечатлив костум покрај сопругот на „Фолк фест Роса“

К.С.

(Видео) Мијата со симболичен подарок ѝ пренесе на Емели Санде дел од македонската традиција

Еспресо

Ѓина Џиновиќ со емотивна порака ѝ го честиташе роденденот на мајка си Мелина: „Ти си мојот најголем пример…“

apostolova

Колегите ја обвинија Мина Костиќ за кражба: „Зеде 500 евра, ја бркаа по град и бегаше на помошен излез“

Е.А.

Си зедов дама родена, уф, што ми е погодена – „Ѕма, Ѕма, Ѕм“ повторно живее, Дац и Александар го вратија хитот од 1978 година во чест на Славе Димитров

Т.Ц.
Се вчитува....