15:33 - 13 ноември, 2026

„Милиграм“ најави нова песна на Халид Бешлиќ, ќе биде љубовна посвета за сопругата Сејда

Српскиот композитор и музички продуцент Александар Милиќ Мили најави нова соработка со легендата на народната музика Халид Бешлиќ. Новата песна, посветена на сопругата на пејачот – Сејда, ќе биде објавена денеска во 16 часот.

„Имав животна желба да направам песна за Халид Бешлиќ. Тој за мене и за целиот Балкан е икона, уметник и човек што повеќе од половина век го инспирира духот на БиХ и Сараево во најубаво светло. Со години разговаравме за ова, но сè до пред една година немавме вистинска песна. Кога ја добив, ја испратив на Фахрудин Пецикоза. Кога ми ја прочита, ми се стегна стомакот – тоа беше реална љубовна приказна, во која мажот по децении брак ѝ се обраќа на својата жена: ‘Уште си млада, уште си убава како некогаш, Сејдо.‘ Тогаш сфатив дека единственото што вреди вечно е љубовта. Иако новиот албум на Милиграм е планиран за Нова година, решивме со Халид оваа песна да ја пуштиме токму сега“, изјави Мили во објава на Инстаграм.

Веста предизвика бројни реакции и воодушевување на обожавателите, кои ја поздравија како најубав опис на душата на Халид и симболот на Сараево. „Да ни оздрави што побрзо нашиот Халид и да славиме уште многу години со неговата музика“, беше еден од многубројните коментари.

Потсетуваме, Бешлиќ неодамна беше примен во Клиничкиот центар на Универзитетот во Сараево, откако го откажа настапот во Градачац. Претходно беше сместен на одделот за нефрологија, а по бројните шпекулации околу неговата состојба, неговиот менаџер Недим Срња потврди дека пејачот и понатаму е на лекување.

Слични објави

Рада Манојловиќ инвестирала 55.000 евра во бизнис – еве колку пари ѝ носи секој месец

Еспресо

(Фото) Сите имаме мал црн фустан, но Нина Бадриќ покажа како да му дадеме сосема нов изглед

Т.Ц.

Сопругата на Саша Поповиќ останува сама во луксузната вила на Бежанијска коса, децата го напуштаат семејниот дом

Еспресо

(Фото+видео) Гламур во металик тоалета — Ана Ивановиќ ѝ врачи признание на Анџелик Кербер во Франкфурт

К.С.

Се израдував како мало дете: Денис Јанкуловски Космонаутко доживеа средба што ќе ја памети долго

Еспресо

(Фото) Секој ден патувал од Дојран до Гевгелија за да ја види — Игор Џамбазов раскажа како ја вдомил Ферхунде

К.С.
Се вчитува....