16:41 - 10 ноември, 2026

„Не ми се ни јави“: Лепа Лукиќ не крие дека ѝ е лута на Лепа Брена

Легендарната српска пејачка Лепа Лукиќ, неодамна одржа голем солистички концерт во Сава центарот.

Пејачката рече дека сакала да собере драги луѓе од музичката сцената, но Лепа Брена не ѝ се јавила, додека Драгана Мирковиќ, како што вели, ја прифатила поканата од почит и со задоволство дошла на концертот.

– Ја повикав Лепа Брена да ми биде гостинка на концертот во Сава центарот, но таа не ми се ни јави. Драгана Мирковиќ дојде кај мене од почит. Имав околу 30 заеднички настапи со Брена, но таа повеќе не е заинтересирана за мене како личност. Таа не ми се јави и тоа е сè – рекла Лепа Лукиќ за „Ало“.

Лепа Брена и Лепа Лукиќ беа голема поддршка една на друга на почетокот на нивните кариери, а често патуваа заедно и го обиколуваа светот.

Пред некое време, на социјалните мрежи се појави фотографија што никогаш порано не беше видена, а е создадена пред повеќе од четири децении. Имено, една страница на Инстаграм често објавува спомени од нашите ѕвезди, а оваа привлече големо внимание.

Во тоа време, Брена имаше долга руса брановидна коса, а Лепа беше бринета.

Слични објави

Утре се отвора моќниот портал 11:11, ден за исполнување желби и нови почетоци — eве што треба да направите

К.С.

Здравко Чолиќ по девет години го објави новиот албум „Мечтаам и простувам“

Е.А.

(Фото) Како холивудска дива — Светлана Црнокрак во црна тоалета со откриени рамена на јубилејот на Карпош

К.С.

Зошто во ноември постојано сме уморни и без волја? Овие знаци можат да укажуваат на сезонска депресија

К.С.

Трета среќа – Игор Којиќ во тајност се ожени со избраничката која го носи неговото дете

Еспресо

(Фото) Аделина Тахири воодушеви во црн фустан со длабоко деколте и светкав детаљ

К.С.
Се вчитува....