16:53 - 10 ноември, 2026

(Фото) Сузана Манчиќ покажа како изгледа без шминка на прагот на осмата деценија: Воодушеви со природниот изглед

Водителката Сузана Манчиќ објави фотографија на социјалните мрежи на која позира без шминка, привлекувајќи големо внимание и бројни позитивни реакции од своите следбеници.

Поранешната „лото девојка“, која во ноември ќе наполни 70 години, ја искористи објавата за да им посака убав викенд на своите обожаватели.

„Сабота наутро. Кој може – нека спие, а кој мора, веќе е во полн работен ритам. Ви посакувам убав викенд на сите“, напиша Манчиќ покрај фотографијата.

 

View this post on Instagram

 

A post shared by Suzana Mancic (@suzanamancicofficial)

Нејзиното природно издание, без шминка и без разубавување на фотографијата, беше поздравено од голем број следбеници, кои ја пофалија за самодовербата и природниот изглед.

Во ноември Сузана Манчиќ ќе го прослави својот 70. роденден, а многумина во коментарите истакнаа дека изгледа одлично и дека со гордост ги носи годините.

„Браво, изгледа одлично за своите години“, „Прекрасна жена“, „Кога некој е сигурен во себе, не му се потребни филтри“, беа само дел од коментарите под објавата.

Слични објави

Утре се отвора моќниот портал 11:11, ден за исполнување желби и нови почетоци — eве што треба да направите

К.С.

Здравко Чолиќ по девет години го објави новиот албум „Мечтаам и простувам“

Е.А.

(Фото) Како холивудска дива — Светлана Црнокрак во црна тоалета со откриени рамена на јубилејот на Карпош

К.С.

Зошто во ноември постојано сме уморни и без волја? Овие знаци можат да укажуваат на сезонска депресија

К.С.

Трета среќа – Игор Којиќ во тајност се ожени со избраничката која го носи неговото дете

Еспресо

(Фото) Аделина Тахири воодушеви во црн фустан со длабоко деколте и светкав детаљ

К.С.
Се вчитува....