07:36 - 6 април, 2026

НАТАША БЕКВАЛАЦ ОТКРИВА ЗА ПЛАНОВИТЕ ЗА БРАК ВО 2022: Едно со сигурност знам, следната година сигурно…

Популарната српска пејачка Наташа Беквалац гостуваше на српска утринска емисија и ги откри плановите за новата година и за новиот албум.

Но, освен на љубовната тема за која најчесто е „испрашувана“ од новинарите, Беквалац се осврна и на воспитувањето на децата.

Имено, постарата ќерка веќе ѝ е тинејџерка и Наташа вели дека има огромно разбирање за годините на ќерка си и за статусот.

– Моето дете не е дете само на еден познат родител, туку и двајцата сме јавни личности. Тоа со себе носи одредени притисоци и не ѝ е секогаш лесно, – рече пејачката.

На прашањето на водителот дали размислува да се омажи следната година, таа е децидна.

– Едно знам, следната година сигурно нема да се омажам!

Понатаму, таа признава дека понекогаш ѝ недостасува машка енергија, но и дека во последните неколку години загубила од женственоста.

– Немам никакви очекувања. Кога немаш очекувања, не можеш да бидеш разочаран – рече.

Слични објави

Се омажи вдовицата на Хју Хефнер: „Никогаш не го сакав вистински во романтична смисла“

Т.Ц.

Поранешната хрватска мисица приведена на снимањето на спотот на Алка Вуица – полицијата реагирала поради сомнително оружје

Т.Ц.

Македонскиот музичар Мустафа Сејфулов почина на 48 години

Еспресо

Неделен хороскоп: Што ви предвидуваат ѕвездите за наредните 7 дена

Т.Ц.

Прв поглед на темната страна на Месечината, спектакуларни фотографии од Артемис 2

Т.Ц.

По Тоскана, „Господинот Совршен“ откри дали со Маја Шупут ќе го помине Велигден

Еспресо
Се вчитува....