06:27 - 28 ноември, 2026

Нашиот Калин Ивановски ни донесе радост од Мадрид – се пласираше во полуфиналето

Македонски тенисер, Калин Ивановски го совлада Мексиканецот Рубио Фиерос и се пласираше во полуфиналето на фјучрсот во Мадрид.

Ивановски во два сета и со само пет загубени гејма го победи противникот Фиерос, односно со 6-4 и 6-1 во сетови.

Во полуфиналето Ивановски ќе игра против Сидан Понтјодикромо од Холандија.

„Со овој спорт, како и со секој друг, тешко се наоѓа слободно време, да бидам искрен. Тренирам по четири часа на ден, па потоа имам фитнес вежби, па масажи. Но кога имам слободен простор, учам  и се трудам да се видам со моите најблиски другари“, изјави Калин во интервју неодамна.

Ивановски. инаку настапува за Македонија во Дејвис купот, каде има вкупен резултат од 9 победи и 2 порази.

Слични објави

Катарина Живковиќ застана во одбрана на Вељко Ражнатовиќ: „Момчињата не носат здолништа и точка“

Еспресо

„КРАЈ. Станав и си заминав“ — Нина Ред раскажа за непријатното искуство со повозрасен маж

К.С.

Теодора Џехверовиќ го откажа настапот поради повреда: Јавно објави и медицински извештај

Еспресо

„Денеска ќе наполнеше 15 години…“: Јелена Розга се присети на саканиот член на семејството и ги растажи следбениците

Еспресо

(Фото) Познатата готвачка Мартина Симјановска наскоро ќе стане мајка по вторпат: „Бато Лука е спремен за тебе, бебушко!“

К.С.

(Фото) Наташа Беквалац блесна во бордо фустан – со длабоките изрези ја откри тетоважата на колкот

Еспресо
Се вчитува....