18:47 - 26 февруари, 2026

НАЈТАЖНАТА ПРИНЦЕЗА НА СВЕТОТ: Шарлин ќе се опоравува со месеци

шарлин монако

Принцезата Шарлин, која се лекува надвор од Монако, ќе закрепнува следните месеци, објави во четвртокот Монегаската палата.

Шарлин, сопругата на принцот Алберт Втори, се опоравува од екстремна исцрпеност откако се врати во Монако во ноември по неколку месеци престој во Јужна Африка.

Нејзиното отсуство од прославата на Националниот ден на Монако во ноември, што е најголемиот годишен настан на палатата Монако, предизвика загриженост кај јавноста за нејзиното здравје, но се појавија и бројни шпекулации за наводни проблеми во бракот.

(ФОТО) ЕДНА СЛИКА 1000 ЗБОРОВИ: Принцезата Шарлин се обиде да стави крај на гласините, неуспешно

„Принцезата закрепнува на задоволителен начин, иако може да бидат потребни месеци за целосно закрепнување“, соопшти палатата.

Принцот Алберт и нивните деца планираат да ја посетат Шарлин за време на Божик и бараат да се почитува семејната приватност.

Принцот Алберт за списанието „People“ во ноември изјави дека на 43-годишната Шарлин ѝ е потребно закрепнување надвор од Монако, но не ја спомна природата на нејзините здравствени заболувања.

(ФОТО) ПРИНЦЕЗАТА ШАРЛИН ОД МОНАКО: Како се стекна со прекарот „Најтажната жена на светот“

„Таа беше многу исцрпена, физички и емоционално. Не можеше да ги извршува службените обврски воопшто, дури ни семејните“, рече тој.

Поранешната олимписка пливачка од Јужноафриканската Република се омажи за принцот Алберт во 2011 година, а во негово друштво за првпат се појави во 2006 година на Зимските олимписки игри во Торино.

Лошите гласини за нивниот брак кој имаше предиспозиции за бајка бидејќи принцот долго време важеше за најпосакуван ерген, започнаа по венчавката.

(ФОТО) ПРИНЦЕЗАТА ШАРЛИН КОНЕЧНО СЕ ВРАТИ ВО МОНАКО: Позираше со принцот Алберт и децата, но дали стави крај на гласините?

Се шпекулираше дека Шарлин се обидела да побегне во пресрет на венчавката, што секако, од палатата беше демантирано.

Алберт е син на принцот Рениер Трети од Монако и американската филмска ѕвезда Грејс Кели, која загина во сообраќајна несреќа во 1982 година.

Слични објави

Душко Тошиќ постојано ја посетува оваа пејачка! Таа ги откри деталите: „Воопшто не ме изненади што тие…“

Еспресо

Новости од Клиника „Жан Митрев“: Органодарителството е чин на највисока солидарност

Еспресо

Објавен дел од исповедта на Цеца во филмот за Саша Поповиќ: „Тоа што го кажа нема цена“

Е.А.

Ѕвездата на „Луд, збунет, нормален“: „Среќа што сум жив, имав три операции на гласните жици“

Еспресо

„Чекам повик за операција на срце“: Дечко ѝ на Ана Николиќ потврди дека ќе биде опериран

Еспресо

„Од разните полови болести, татко ми станал стерилен“: Нови шокантни изјави на ќерката на Аца Амадеус

Е.А.
Се вчитува....