6.8 C
Скопје
08:07 - 18 април, 2024

(ФОТО) ПРИНЦЕЗАТА ШАРЛИН ОД МОНАКО: Како се стекна со прекарот „Најтажната жена на светот“

шарлин монако

Вестите за „најтажната жена на светот“ привлекуваат огромно внимание веќе десет години, откако принцезата Шарлин од Монако се омажи за принцот Алберт.

Последните недели, една од главните теми во светските медиуми е престојот на принцезата Шарлин во Јужна Африка и разделбата од нејзиниот сопруг Алберт, со кого има две деца, близнаците Жак и Габриел. Се шпекулира за причините за престојот на принцезата во Јужна Африка, каде што беше пет месеци, а пред четири дена палатата објави дека принцезата под псевдонимот била оперирана од инфекција.

Сопругот Алберт и децата се во Јужна Африка со неа, додека таа е во болница од септември оваа година.

Зошто ја нарекуваат најтажната жена на светот?

Принцезата Шарлин беше претставена пред светската јавност кога, како поранешна олимписка пливачка, Шарлин Витсток стана свршеница на принцот Алберт од Монако, кој веќе беше во педесеттите години и немаше обезбедено легален наследник на кнежеството.

Свадбата се одржа пред десет години во Монако и беше придружена со приказни за неверството на принцот и кавгите на свршениците. Работата отиде дотаму што медиумите пишуваа дека Шарлин сака да ја откаже венчавката и да се врати во родната Јужна Африка, но дека ѝ бил одземен пасошот и дека практично била принудена на брак.

Кога на виделина излегоа снимки и фотографии од нивната венчавка, милиони луѓе веруваа во приказните. Принцезата плачеше во текот на целата венчавка, и ретко покажуваше насмевка на подоцнежните јавни настани.

шарлин алберт монако принцеза
фото: EPA-EFE/SEBASTIEN NOGIER

Од венчавката, таа беше наречена најтажната жена на светот, иако постојано демантираше дека е несреќна во бракот со Алберт. Во 2014 година, принцезата роди близнаци, но ниту на нивното крштевање не беше премногу среќна.

Досега имаше многу гласини за можен развод на принцот и принцезата, а оваа година нејзиното ненадејно заминување во Африка и долгиот престој во странство само ги подгреа озборувањата.

 

View this post on Instagram

 

A post shared by @albertandcharleneofmonaco

извор: „индекс“

Слични објави

Астропрогноза за четврток, 18 април: Вагите да си го отворат срцето, Јарците денес да се осамат

еспресо

Анѓелка Прпиќ ја отвори душата: „Кога се разведов…“

еспресо

(Фото) Сања Маринковиќ без грам шминка: Водителката покажа како изгледа кога ќе се исклучат камерите

Еспресо

Се смирија Мелина и Џина по бурниот период? Еве што направи ќерката на Харис Џиновиќ

Еспресо

„Многу ми се налути“: Јелена Карлеуша откри дека Канје Вест ја блокирал на Инстаграм

Еспресо

(Видео) Александра Пријовиќ се расплака на концерт: Пејачката не можеше да ги запре солзите

Еспресо
Се вчитува....