12.8 C
Скопје
21:18 - 19 октомври, 2026

Нада Топчагиќ за инцидентот со Маринко Роквиќ: „Ме повлече за коса, а јас го удрив во потколеницата“

Пејачката Нада Топчагиќ своевремено раскажа дека имала сериозен инцидент со својот колега Маринко Роквиќ, кој прераснал и во физичка пресметка. Овој, помалку познат скандал од естрадната сцена, таа го откри јавно, зборувајќи отворено за нивниот сложен однос.

Иако ја започнале музичката кариера во ист период и заедно поминале низ многу убави, но и тешки моменти, меѓу нив не недостасувале тензии и несогласувања.

Нада раскажа дека Маринко ѝ замерувал што сакала да се фотографира со сите обожаватели. Во еден момент, тоа довело до инцидент – тој ја повлекол за коса, а таа жестоко му возвратила.

„Да, се скаравме и се потепавме. Ме повлече за коса, а јас го удирав во потколеницата. Сето тоа се случи во комбе. Околу нас имаше луѓе кои бараа фотографии, а јас бев единствената жена. Бевме на турнеја – Маринко, Бора Дрљача и јас. Патувавме низ Лика и низ Хрватска, сите заедно во едно комбе“, се присети пејачката.

Таа откри и дека тогаш била навредена од Маринко.

„Луѓето бараа фотографии, а ние брзавме кон друг концерт и доцневме. Сакав сите да ги испочитувам, а во еден момент Маринко ми рече: ‘Слушај ти, козо една! Зошто делиш фотографии?! Постојано доцниме поради тебе!’ Му одговорив: ‘Ќути, љубоморен си на мојот успех! Зошто тебе никој не те бара?!’ И така дојде до кавгата“, раскажа Нада во интервју за Телеграф.

И покрај сите несогласувања, пејачката признава дека денес најмногу жали што не успеала да стапи во контакт со него додека бил болен.

„Жал ми е што не се јавив директно кај него. Се слушав со неговиот син Никола и со сопругата Славица, но не сакав да го вознемирувам Маринко. Мислев дека ќе има време. Не знаев колку состојбата е сериозна. Ни ден-денес не знам од што точно боледуваше, бидејќи семејството не сакаше да зборува за тоа. Пред десетина дена ми рекоа дека е многу лошо и дека болеста е тешка. Тогаш Никола ми рече: ‘Тукушто влегов кај него, рече дека му е жал што сте се карале.’“

Слични објави

„Те сакаме сите“: Слаткар со емотивна порака до Калиопи по големиот концерт во Скопје

К.С.

(Видео) Босанска пејачка тврди дека била нападната во клуб, сопственичката вели дека само ѝ удрила шлаканица

Еспресо

Новa естрадна војна поради Јаков Јозиновиќ: Јелена Карлеуша ја прозва Милица Тодоровиќ за недостаток на патриотизам

E.A.

„И да дојде Ал Пачино, ќе треба да чека ред да се вработи во театар“: Дритон Вејсели откри дека добил само празни ветувања

Еспресо

Најверната жена во хороскопот — кога еднаш ќе го подари срцето, сака засекогаш

К.С.

(Фото) Елена Најдоски се затекна во Париз за време на немирите: „Едвај чекам да се вратам во Македонија“

К.С.
Се вчитува....