24.5 C
Скопје
19:12 - 10 јуни, 2026

„На улица кога сме излегувале, сите исто сме имале или сите исто сме немале“: Елвир Мекиќ се присети на детството во Чаир

Нашиот попуарен пејач Елвир Мекиќ, кој заедно со Јован Јованов одржа концерт за паметење во Арената „Борис Трајковски“ во Скопје на 6 јуни, сега со синот Дарис и со сопругата Лејла живее во Сараево.

Елвир за првпат прозборе за родителите и за тешкиот дел од детството во Чаир кога татко му останал без работа, а мајка му се грижела за трите деца.

До неговата деветта година, Мекиќ живеел во Хиподром.

„Тие девет години навистина беа прекрасни години. Имавме прекрасно детство таму“, рече Елвир во поткастот на Стефан Лазаров и додаде дека потоа се преселиле во Чаир.

„Во Чаир навистина можеш да научиш многу за животот од раните години. Се дружиш со деца од различни вероисповеди и националности и тоа го прави човекот многу побогат, затоа што учиш за многу култури, за нивните традиции. Тие учат за твојата традиција и така се прави еден убав спој.

„Татко ми работеше цел живот во ‘Механика’ и дочека пензија. Тој беше механичар, поправаше автомобили, а потоа таа фирма се претвори во ‘Асива МГ’ и таа фирма практично ги отпушти тие луѓе. И тогаш навистина нашето детство, а и животот на моите родители, стана многу потежок отколку што бил, меѓутоа тие се труделе никогаш да не почувствуваме дека нешто нема, дека нешто фали, да бидеме поразлични од другите.

Мајка ми беше со нас додека не пораснавме, таа беше цело време со нас, во три смени што се вели. Ние сме три деца, јас имам постар брат и имам помала сестра. Тие се тука во Скопје и мајка ми се грижеше за нас, татко ми работеше и бевме едно просечно македонско семејство. Значи, со сите предности и мани, имало, немало, сме имале доволно, сме немале, меѓутоа јас сега тоа не би сакал да го преточиме во некоја тема колку тежок бил животот. Им бил тежок животот навистина на можеби повеќе од 80 проценти од луѓето. На улица кога сме излегувале, сите исто сме имале или сите исто сме немале“, изјави познатиот пејач.

Мекиќ денес работи во претставништво на позната македонска винарија, и рече дека во Сараево се преселил поради работата, но градот го чувствувал како свој поради тоа што ги посетувал родителите на неговата сопруга кои живеат таму.

Слични објави

Од утринско кафе до вечерно излегување – комплетирајте си ја гардеробата за секоја прилика во бутикот „Капитол“

Еспресо

Лепа Брена и Боба ја продадоа луксузната вила во Мајами: Морале да ја намалат цената за неколку милиони долари, а одржувањето чинело вистинско богатство

Еспресо

(Фото) Српската пејачка во минијатурно бикини го покажа „бомбастичното“ тело!

Еспресо

По 33 години, Ева Рас ја откри причината за смртта на ќерка ѝ –  „Мојата Круна почина додека лупеше портокал“

Е.А.

Митар Мириќ ретко се појавува во јавност со сопругата – Сузана живее скромен живот далеку од рефлекторите

Е.А.

„Започна спонтно“: Малкумина знаат дека Дејан Матиќ бил во двегодишна врска со оваа позната пејачка

Е.А.
Се вчитува....