21:03 - 12 февруари, 2026

На мајката на Пике ѝ се допадна контроверзната песна на Шакира: „Ме остави со свекрва за комшика, со медиумите пред врата и долгови кон државата…“

Откако Шакира објави песна во која го прозива својот поранешен партнер Жерар Пике, многу фанови се поделија на две страни – оние кои ја поддржуваат пејачката и оние кои го поддржуваат фудбалерот.

Изненадувачки, мајката на Пике, Монтсерат, се чини дека е на страната на Шакира.

Монтсерат стави „лајк“ на две објави на Твитер поврзани со песната на Шакира.

„Лајковите“ се однесуваа на текстот на песната, но откако фановите на фудбалерот истакнаа дека дури и неговата мајка е против него, таа решила да ги сокрие „лајковите“.

Сепак фановите биле побрзи и направиле принтскрин.

Интересно е што во контроверзната песна Шакира ја спомнува мајката на Пике во стихот „ме остави со свекрва за комшика, со медиумите пред врата и долгови кон државата“.

Откако песната крена голема прашина, Пике објави статус на Твитер со емотикон од циркус.

Потсетуваме, Пике и Шакира објавија дека се разделуваат во јуни минатата година. Набргу потоа, Пике беше забележан со Клара Чиа, неговата нова девојка, вработена во неговата продукциска куќа. Иако за врската не зборуваше оицијално, двајцата беа видени заедно неколку пати, а подоцна беше откриено дека нивната афера трае од 2021 година.

Слични објави

(Фото) Три дена по киднапирањето, Кајмакоски ѝ се обрати на Милица Тодоровиќ: Еве што порача

Еспресо

Азис повторно во центарот на вниманието: Брак од љубов или уште една внимателно изрежирана приказна?

E.A.

„Жените се тешат дека неверството го зацврстува бракот, се плашат да заминат“: Лидија Вукиќевиќ процвета по разводот од спортистот

E.A.

Членови на бендот на Ана Бекута сослушани во обвинителство: Настапувале со пејачката за српската Нова година во Чачак

Еспресо

Новости од Клиника „Жан Митрев“: Вљубени и здрави

Еспресо

Наташа Аксентијевиќ згрозена од цените на Врачар, одлучи да отвори свој бизнис

E.A.
Се вчитува....