07:56 - 12 март, 2026

НА КОЛКУ ВРЕМЕ ЈА МЕНУВАТЕ ПОСТЕЛНИНАТА? Во време на пандемија важат други правила

Претходни истражувања покажале дека повеќето луѓе предолго спијат на иста постелнина, а тоа сега, во време на пандемија на коронавирус, би можело да биде уште поопасно. Стручњаците предупредуваат дека постелнината треба да се пере најмалку еднаш неделно, пишува The Sun“).

Освен микроскопските штетници, грини, кои се размножуваат на валкана постелина и можат да предизвикаат здравствени проблеми, креветот може да биде плодно тло за вируси и бактерии. Ако сте болни, од клучна важност е да ја менувате постелината почесто од еднаш неделно и да ја перете на висока температура.


Загрижува податокот дека испитаниците во новата студија спијат на иста постелнина во просек 12 дена. Пижамите и јастучниците би требало да се исперат исто така еднаш неделно – јастучниците дури и почесто ако имате навика да спиете на стомак.

Многумина забораваат дека е потребно да се перат и перниците и прекривките барем еднаш во три месеци. Душекот треба длабински да се исчисти еднаш годишно.


Дури 64% од луѓето потенцијално внесуваат нечистотија во креветот ако не се истушираат пред да си легнат, додека 12% од испитаните признале дека не се тушираат секој ден. Мажите во тој случај се поголеми престапници од жените.

Слични објави

ВИДЕО | Јадев по 100 ќебапи на оброк и неколку кременадли: Пејачот Бојан Стојков ослабе 20 килограми

apostolova

Негативните мисли буквално го уништуваат нашиот мозок: Познат психијатар објаснува како да го прекинете тој круг

Еспресо

Кој беше помладиот брат на Дарко Лазиќ кој загина на мотоцикл? Јавноста немаше можност да ја чуе неговата авторска музика

Еспресо

Внуката на Милена Дравиќ проговори за Гага Николиќ на 10-годишнината од неговата смрт: „Нема таква љубов…“

Е.А.

Кија Коцкар ќе се мажи во Лас Вегас!: „На мојата венчавка ќе има само луѓе што ми се допаѓаат“

apostolova

(Фото) Здравко Чолиќ ја бакнува убавата хрватска мис, сопруга на Тарик Филиповиќ

Еспресо
Се вчитува....