27.3 C
Скопје
19:01 - 9 јули, 2026

На говорот Путин носеше вратоврска „мејд ин Итали“, еве колку чини и колку вратоврски добива годишно

Рускиот претседател Владимир Путин носеше италијанска вратоврска по повод важната парада на 9 мај 2022 година: еве колку чини.

Вратската што ја носеше Владимир Путин по повод парадата на 9 мај 2022 e „мејд ин Итали“ креација, од ексклузивниот италијански моден бренд Маринела. Ова го потврди во радиоемисија за Раи Радио 1, Маурицио Маринела, претприемачот на чело на истоимениот бренд познат по луксузни вратоврски.

Бизнисменот објасни: „Тоа е сино-бел модел наречен „шпиц“, можеби му ја подарил Силвио Берлускони или можеби е дел од маркетинг акции испратени до претседателот Путин. Станува збор за класичен, елегантен модел кој обично се носи во важни пригоди“.

Маурицио Маринела ја реконструираше можната рута на вратоврската: „Последната набавка на Владимир Путин датира од пред околу една година, вклучувајќи го и овој модел, од кој му беше испратен во поголем број. Да речеме дека во последните години испративме околу 300-400 вратоврски на Путин, од кои голем дел „подарени“ од Силвио Берлускони, кој беше „креатор“ и „популаризирач“ конретно на овој модел“.

Дури и вратоврските кои се испратени до Кремљ се претходно темелно проверени за да се осигура дека се „безбедни“.

Бизнисменот се согласки со оваа забелешка на новинарот и откри: „Дефинитивно да, бидејќи се врши проверка, се отвораат пакетите, се проверуваат да се види дека нема бубачки во вратоврските и многу повеќе, се проверуваат дури и со детектор за метал“.

Маринела исто така ја октри и цената на конкретната вратоврска што ја носел Путин на говорот, а тоа е 130 евра.

Не е првпат рускиот претседател Владимир Путин да се пофали со облека „направена во Италија“ на јавна прилика.

Во март 2022 година, на пример, по повод годишнината од руската анексија на Крим, Путин присуствуваше на митинг на стадионот Лужники облечен во јакна „Лоро Пиана“ (модел парк) вредна 12.000 евра.

Во таа прилика, челниците на италијанската компанија јавно се оградија од Владимир Путин и војната во Украина. Запрашан од агенцијата „АНСА“, Пјер Луиџи Лоро Пиана, веднаш по настанот изјави: „ЛВМХ, групацијата на која припаѓа Лоро Пиана, веднаш се огради. Јасно е на која страна решивме да застанеме. Путин треба да размисли за тоа што го прави со украинскиот народ “.

Компанијата Лоро Пиана одлучи да ги прекине своите испораки за Русија и исто така работеше на помош на украинското население преку работата на здруженијата посветени на солидарноста во овој конкретен историски момент.

Слични објави

„Промената започнува во моментот кога ќе одлучиш да не се откажеш од себе“: Инспиративната приказна на Марина Петровска, велнес-консултант и ментор

Еспресо

(Фото) За Ирена Спировска најубавото зајдисонце е на Охридското Езеро

Еспресо

Вук Моб откри дека со години месечари: Искршил клавир, па поставил камери за да открие што прави додека спие

Еспресо

Новости од Клиника „Жан Митрев“: Минимално инвазивни операции за замена на аортна валвула со користење на десен трансаксиларен пристап

Еспресо

Возачот осомничен за смртта на братот на Дарко Лазиќ пуштен од притвор: Познати нови детали од истрагата

Еспресо

„Цела година не сум земала ниту едно евро“: Драгана Мирковиќ откри дека поради хуманитарните концерти останала без заработка

Еспресо
Се вчитува....