22:52 - 9 ноември, 2026

Музејот „Мадам Тисо“ ја отстрани восочната фигура на Канје Вест

Канје Вест деновиве е многу популарен, но таквата „популарност“ веројатно нему му задава многу главоболки. По неговите антисемитски ставови го напуштија сите главни и големи спонзори, а  изгледа и потрагата по нови тешко дека ќе биде успешна, бидејќи Вест вчера се појавил во седиштето на „Скечерс“ во Лос Анџелес, а тие го избркале по кратко време.

Дури и музејот „Мадам Тисо“ во Лондон одлучи да ја отстрани восочната фигура на раперот Канје Вест и со тоа стана последната институција во низа која ја прекина соработката со хип-хоп артистот по неговите антисемитски ставови.

Познатиот музеј ја премести фигурата на раперот во архивска просторија, симболично претставувајќи го неговиот општествен и кариерен пад во последните неколку дена.

„Фигурата на Канје е повлечена од музејот во нашата архива. Секој треба да го заслужи своето место во ‘Мадам Тисо’, а ние ги слушаме нашите посетители и нивните желби во врска со тоа кого очекуваат да го видат во музејот“, изјави портпаролот на „Мадам Тисо“ во Лондон.

Восочната фигура на Канје Вест, заедно со онаа на неговата поранешна сопруга Ким Кардашијан, беше поставена во музејот во 2015 година.

 

View this post on Instagram

 

A post shared by GOSSIP DO DIA (@gossipdodia)

Слични објави

Огњен Амиџиќ призна за што се кае во животот, па изненади со ставот за луѓето кои не сакаат семејство

Еспресо

Фризерот на Цеца ја критикуваше Александра Пријовиќ: „Ѝ недостига коса, не сè што е скапо е и добро“

Еспресо

„Јас сум аждаја за него“: Карлеуша првпат проговори за своето 24-годишно мoмче, а откри и дали се запознало со Душко Тошиќ

Еспресо

Милан Станковиќ се вратил во манастир: Рада Манојловиќ ги откри деталите

Еспресо

(Фото) Најбогатата српска актерка сподели радосни вести, слави во вилата од 4,5 милиони долари

Еспресо

(Фото) Колинда Грабар-Китаровиќ се појави во Рим облечена во палто од 4.000 евра

Еспресо
Се вчитува....