35.9 C
Скопје
17:34 - 11 август, 2026

Млади надежи: За Ана Колевска танцот е исполнување на сонот

Младата скопјанка Ана Колевска е 14-годишна танчерка со светска кариера, гордост на Македонија. Таа започнала со танцот уште од многу рана возраст, а како што вели во интервју за „Слободен печат“, со танцот  активно се занимава веќе девет години.

-Прво одев на класичен балет, но не се пронајдов во таа сала. Со мајка ми баравме друга алтернатива за мене и отидовме на едen час во „Ритам плус“. На почетокот се плашев како ќе биде, дали ќе се снајдам, дали ќе ми се допадне. Штом заврши првиот час, знаев дека тоа е за мене – вели Колевска.

Шест години по ред е на тронот како национална шампионка во латиноамерикански и стандардни танци и најдобро пласирана натпреварувачка од Македонија во старосната категорија „јуниор 1“ и во меѓународни рамки. Досега има освоено многу награди и титули, но тешко ѝ е да одбере која ѝ е најдрага.

-Навистина не знам на која награда сум најмногу горда, им се радувам на сите подеднакво. И кога нема да победам, јас тоа го чувствувам како личен успех – вели таа.

Од денеска до 15 август стискаме палци за Ангела бидејќи таа го започнува своето натпреварување на најпрестижниот турнир GOC во Штутгарт заедно со нејзиниот тим од тренери Иван Ангелковски, Симона Спировска, Верица Василеска и Огнен Анѓушев.

-Ако досега вежбав по два часа во денот, за подготовките на овој натпревар интензитетот се зголемува дупло. Па така сега ќе вежбам по минимум четири часа. Јас би сакала и повеќе, бидејќи уживам да танцувам – вели таа.

Минатата година Ана беше првата Македонка којашто имала самостоен настап на овој престижен турнир каде што се натпреваруваат над 7.000 танчари од 59 држави, професионалци и аматери на едно место.

-Првично тоа што треба да го променам изгледот, да бидам нашминкана, да бидам истренирана, па изборот на фустаните, малку ми причинуваше стрес. Кога видов дека сите поминале низ тоа, го прифатив и сега се чувствувам убаво – рече Колевска.

 

Целото интевју со неа можете да го погледнете на слениот линк.

 

Слични објави

(Видео) Јапонски оперски пејачи ја запеаја „Македонско девојче“ на македонски јазик

Еспрео

Разделбата комплетно им ги промени животите – Бресквица и поранешниот дечко го продаваат луксузниот имот за 830.000 евра

Еспресо

(Фото) Македонската мисица Ева Величковска во Истанбул — се сретна со Хурем Султан од „Величествениот“

Еспресо

Поранешниот тапанар на „Парни ваљак“ осуден на казна затвор

Еспресо

(Фото) На море во најдоброто друштво: Нина Бадриќ сподели фотографии со посебна личност во својот живот

Еспресо

(Фото) Летна идила во Маврово — Катарина Ивановска ужива со децата и партнерот Стефан

Еспресо
Се вчитува....