12:51 - 21 ноември, 2026

(Видео) Јапонски оперски пејачи ја запеаја „Македонско девојче“ на македонски јазик

Македонската песна „Македонско девојче“ се слушна и во Јапонија, во изведба на оперски пејачи кои на публиката ѝ претставија дел од македонската музичка традиција.

Познатата песна ја изведоа јапонскиот оперски пејач Казухиро Котецу и членовите на „Менс Клаб оф Токио Опера“ од Токио, а особено интересно е што ја отпеаја на македонски јазик.

За јапонските музичари ова не е прва средба со музиката од Балканот. Тие веќе подолго време пројавуваат интерес за балканското музичко наследство, а во својот репертоар вклучуваат и традиционални песни од Македонија.

 

View this post on Instagram

 

A post shared by 小鉄 和広 (@kazuhirokotetsu)

Овојпат изборот падна на „Македонско девојче“, песна која со децении е препознатлив дел од македонската музичка ризница. Во нивната интерпретација, добро познатата мелодија доби поинаков, оперски израз.

Изведбата на јапонските пејачи е уште еден показател дека македонската традиционална музика наоѓа свои почитувачи и далеку од земјава. Преку нивниот настап, „Македонско девојче“ стигна до публика од друга културна средина, илјадници километри од Македонија.

Слични објави

Зорица Брунцлик за тешкото детство: „По разводот, кај мајка ми јадев едно јајце поделено на четири“

К.С.

„Можете да ме побарате на телефон“ – Ребека Јанковска-Ристески им понуди поддршка на родителите на деца со посебни потреби

Еспресо

Денеска е Аранѓеловден — што не треба да правите на големиот празник посветен на Свети Архангел Михаил?

К.С.

Дино Мерлин: „Татко ми замина кога имав седум години, а мајка ми правеше сè да нè изведе на прав пат“

Е.А.

Мирис на домашна кујна — рецепт за посни колачи со ореви што се топат во уста

К.С.

Дневен хороскоп за 21 ноември: Посветете го денот на себе, избегнувајте дополнителни обврски

apostolova
Се вчитува....