18 C
Скопје
01:11 - 19 јуни, 2026

Мина Костиќ за бременоста: „Каспер е мажот од моите соништа, со него би станала мајка повторно“

Пејачката Мина Костиќ во едно телевизиско гостување првпат проговори за својата врска на далечина со мистериозниот Каспер, човек кој досега беше непознат за јавноста. Како што истакна, „ова не е никаква илузија, туку вистина“.

Тој е мажот од нејзините соништа, со кој би сакала повторно да стане мајка. Потсетуваме, од претходниот брак Мина има една ќерка.

„Ова не е илузија, туку чиста вистина. Нашата приказна е необична и неверојатна. Некои не веруваат, но мене тоа не ми е важно. Се запознавме пред мојот роденден, пред осум месеци, и за тоа време беше со мене и во најтешките моменти. Бев 20 дена во болница, а секој ден се слушавме. Едвај чекам да дојде за Нова година — тоа ќе биде нашиот прв вистински состанок,“ раскажа таа во студиото на телевизија „Курир“, додавајќи дека се сретнале и пред дваесетина години, кога ѝ се мажела сестрата.

„Се имаме видено пред повеќе од 20 години, кога ѝ бев кума на сестра ми. Тогаш ме забележал првпат. Имало можност да се запознаеме уште тогаш, но судбината сакаше да се случи вака. Тој има 45 години, јас 50, и ова е љубов на мојот живот,“ рече пејачката.

Потоа откри и како започнала нивната комуникација.

„Ми честиташе роденден, ми упати убави зборови. Тој е прекрасен, ми испрати преубава порака. Инаку, избегнувам Инстаграм, но така почнавме да се допишуваме. Потоа ме покани на Тикток и од таму започнаа нашите секојдневни разговори. Јавно кажав дека е само мој — дури и им се заканив на жените. Жените го обожаваат, висок е 195 сантиметри, не јаде месо, одлично изгледа иако не тренира… Многу пешачи, работи, игра шах, вистински е витез,“ го пофали Мина својот избраник.

„Прво што ме освои беше неговиот глас — реков ‘вау’. Очите му се прекрасни, духовит е, умеe да црта, Јарец е во хороскоп и многу е способен. Живее и работи во Њујорк, не е важно што точно, но секогаш е активен. Сите го сакаат, внесува позитивна енергија. Тој е сè што јас посакував. Не се плашам дека ќе се распадне илузијата кога конечно ќе се видиме, затоа што за него знам многу. Готви, средува дома, гледам кога спие, станува… Се гледа дека сум среќна. Каспер му е прекар, а вистинското име и презиме не сакам да го откривам. Доволно знам за него, додека некои луѓе ни преку телефон не можам да ги почувствувам. Ако даде Бог, би сакала со него повторно да станам мајка. Детето би ни било прекрасно,“ заврши Костиќ.

Слични објави

Драгана Мирковиќ проговори за 8-месечната внука: Првиот збор ѝ е „бабо“, тоа ми е најдрагата титула

E.A.

Сузана Манчиќ се прости од Лидија Маниќ: Смртта на поранешната мис Југославија ја потресе јавноста

Еспресо

(Фото) Северина во високо друштво и во високи поптетици го гледала натпреварот помеѓу Хрватска и Англија

Еспресо

„Татко ми се срамеше кога открив дека израснал во дом“ – Слаткар со лична семејна приказна

Еспресо

Шако Полумента тврди дека неговата сопруга е „света“, но ја изневерувал каде што стигнал: „Таа знае за сите мои љубовници“

Еспресо

Министерот за надворешни работи на Босна и Херцеговина бара забрана за концертот на Јелена Карлеуша во Сараево

Еспресо
Се вчитува....