18:32 - 2 ноември, 2026

Милица Тодоровиќ за борбата со депресијата: „Ако не се чувствувате добро, не е срамно да побарате помош“

Милица Тодоровиќ неодамна се оствари во улогата на мајка и ужива во новото животно поглавје, но во една прилика отворено зборуваше и за проблемите со депресијата, кога размислувала да се повлече од естрадата.

Потоа ја сними песната „33“, за која вели дека е автобиографска.

– Неодамна зборував за еден потежок период од животот и затоа реков дека песната „33“ на некој начин е моја животна песна. Зошто? Затоа што дури минатата година ме стигна тој некој „бурнаут“, како и да го наречеме, односно „согорување“. Почувствував дека полека тонaм, дека музиката ме заморува и дека ме заморуваат луѓето, не ми се излегува на сцена да пеам, не ми се даваат интервјуа. Во мојата песна „33“ се вели: „А сè уште си млада да ти палат свеќи, кога сакаш сè, а ништо не те сака“, а јас одамна сакам сешто да ми се случи, и некој поголем концерт и… – тогаш се расплакала Милица.

Пејачката тогаш откри дека сакала јавно да зборува за својот проблем бидејќи знае дека и бројни нејзини колеги се соочуваат со истото, поради што некои од нив се препуштаат на пороците.

– Сакав намерно да кажам јавно за тоа за луѓето што имаат проблеми со тоа да можат да си кажат: „Еве, таа е јавна личност, па зборува за тоа“. Да, но јас сум живо суштество, од крв и месо, тоа може да му се случи на секого. И повторно ќе кажам – ако не се чувствувате добро, не е срамно да се обратите кај психотерапевт, психијатар или кај кого било, за да не се случи убиство, самоубиство, да посегнете по дрога или алкохол – порача Милица и додаде:

– Имаме многу примери на естрадата, особено меѓу моите колеги и колешки. Не се знае кој повеќе се дрогира, за жал. Мене ми е жал поради тоа. Не ги обвинувам, само некако сакам да им дадам поддршка и да им кажам: „Еве, луѓе, јас успеав, можете и вие“ – порача Милица неодамна за „Блиц“.

Слични објави

(Видео) Дани Ѓуровска и сопругот Денис ја воодушевија публиката со романтичен танц на концертот на Сергеј Четковиќ

К.С.

Перо Антиќ со најважните момчиња во неговиот живот – Една фотографија кажува сè

Еспресо

Четири хороскопски знаци ги очекува нова љубов до крајот на 2026 година

К.С.

(Фото) Маја Шупут му го честиташе роденденот на 16 години помладиот дечко: Ми го преврте светот наопаку

Еспресо

(Фото) Елена Велевска во елегантно црно издание — пејачката привлече внимание со својот стил

К.С.

Николина Пишек за насилството што го доживеала: „Кога сакав да си одам, сопругот ми стави пиштол на масата“

Еспресо
Се вчитува....