12:13 - 25 ноември, 2026

Милица Тодоровиќ фотографирана во прегратка на мистериозен маж

Пејачката Милица Тодоровиќ синоќа се појави на една приватна прослава, а фотографиите од настанот набрзо ги преплавија социјалните мрежи и предизвикаа големо внимание во јавноста.

Имено, Милица се породи пред три месеци и на свет го донесе синот Богдан, по што целосно се повлече од јавноста и се посвети на семејниот живот. Пејачката тогаш јасно стави до знаење дека сака мир и приватност, особено по турбулентниот период и големото медиумско внимание што го следеше нејзиното породување и односот со партнерот.

Сепак, сега се појавија нови фотографии од популарната пејачка од едно приватно славење, кое, според достапните информации, било организирано по повод раѓањето на детето на нејзин близок соработник.

Милица на прославата била видно расположена и средена до перфекција. За оваа пригода таа избра елегантен црн фустан со впечатливи детали на деколтето, а насмевката не ја симна од лицето во текот на целата вечер.

Посебно внимание привлече фотографијата на која пејачката позира во прегратка со непознат маж. Во раката држела чаша и наздравувала во опуштена атмосфера, што дополнително ги подгреа коментарите на социјалните мрежи.

Фановите веднаш почнаа да го коментираат нејзиниот изглед, истакнувајќи дека Милица никогаш не изгледала подобро, додека многумина забележаа дека мајчинството очигледно одлично ѝ прија.

Слични објави

(Фото) Лила Филиповска ужива во празничната магија на Париз — ноќно крстарење по Сена и божиќни светилки на Шанзелизе

К.С.

Николина Пишек доживеала сообраќајна незгода во Хрватска: „Се обиде да ми го одземе телефонот и побегна, беше видливо пијан“

Е.А.

(Фото) Кристина Арнаудова се потсети на младешките денови со сопругот: „Една убава битолска пролет“

Еспресо

Неда Украден започна нов бизнис во Белград: „Повеќе ги сакам неинвазивните методи на нега отколку хируршките зафати“

Е.А.

Тајната е во една евтина состојка — рецепт за совршено крцкаво и сочно похувано пилешко месо

К.С.

Дневен хороскоп за 25 ноември: Не плашете се да предложите нешто различно

Е.А.
Се вчитува....