09:16 - 3 ноември, 2026

Познатиот композитор Рале закрепнува по операцијата на срцето: „Ана ми го спаси животот, три месеци ме чуваше како дете“

Познатиот српски композитор Горан Рале Ратковиќ неодамна имаше сериозна операција на срцето, по која успешно закрепнува. И покрај тешкиот период низ кој помина, тој полека му се враќа на бизнисот и на работата што најмногу ја сака, а најголема поддршка во сè му е неговата партнерка, пејачката Ана Николиќ.

Рале открива дека неговата здравствена состојба оди на подобро:

„Сега сум одлично. До пред 3-4 дена се мачев, не станував од кревет, но одеднаш нешто се случи и, фала му на Бога, сè е добро. Требаше време за да закрепнам. Не бев исплашен, само очекував дека процесот ќе оди побрзо“, вели тој, истакнувајќи дека едвај чека да му се врати на студиото“.

Композиторот не крие дека токму Ана Николиќ била таа која инсистирала тој да отиде на лекар кога ги почувствувал првите симптоми.

„Јас се грижам за неа, но и таа за мене. Ана ме чуваше три месеци. Да не беше таа, мислам дека ќе заминев од овој свет. Таа повика Брза помош и лекари, додека јас упорно мислев дека имам само обичен вирус. Ми закажа преглед кај кардиолог и на крајот се испостави дека била целосно во право“.

Рале додава дека Ана му е најголема поддршка не само во работата, туку и во животот генерално:

„Таа е мојот животен сопатник. Секогаш се консултирам со неа, толку е интелигентна и духовита што постојано ме смее“.

За нивната турбулентна врска, која често ја следат медиумски написи за кавги, тој низ насмевка вели:

„Љубовта победува. Да ја немаше неа, немаше да нè има ниту нас, бидејќи монотонијата убива. Вака постојано нешто се случува, а исходот е неминовен – помирување. Еднаш толку многу се скаравме што отидов да спијам во дневната соба. Таа ме разбуди, ги отворам очите и гледам – Ана на челото си напишала ’Извини‘. Не мораше ништо да каже, тоа беше доволно“.

 

Слични објави

Есенски десерт што мириса на цимет — направете вкусни емпанади со тиква

Еспресо

Дневен хороскоп за 3 ноември: Избегнувајте избрзани одлуки

apostolova

Болна исповед на Дарко Лазиќ по смртта на брат му Драган: „Половина од мојот живот си однесе со себе“

Еспресо

Коста ќе добие вистинско богатство за 18. роденден: Дара Бубамара ја подготвува прославата, дала огромни пари за подарокот

Еспресо

Неда Украден се прости од Мишо Ковач со потресни зборови: Ова засекогаш ќе го памети

Еспресо

Хрватска го оплакува Мишо Ковач, знамињата на половина копје

Еспресо
Се вчитува....