Пејачката Милица Тодоровиќ синоќа го прослави својот 36-ти роденден во луксузен ресторан во Белград, а нејзиниот кум и колега Стеван Анѓелковиќ беше меѓу првите што пристигнаа.
Иако многу луѓе носеа пликови со пари како подароци на вакви прослави, Стеван се потруди и ги послуша желбите на Милица, па затоа ѝ подготви посебно изненадување.
– Јас ѝ однесов ваучер за едно од нејзините омилени места, за да може да избере што сака. Ја познавам добро, секако – рекол Стеван.
Анѓелковиќ откри која песна сака да ја изведува со Милица во дует.
– Секако дека ќе пеам вечерва, со неа сакам да го испеам дуетот на Тоше и Анотонија Шола „Ја волим осмех твој“, пееме и неколку шпански песни заедно – открил тој, а на прашањето дали некогаш ќе снимаат дует, рекол:
– Не е исклучено, разговаравме за дует, но никогаш не го снимивме, можеби во иднина.
Стеван зборуваше и за тешките денови низ кои минуваше пејачката и поддршката што ја имаше од нејзините најблиски пријатели:
– Многумина беа покрај неа во тешки времиња, јас бев таму, таа имаше поддршка од нејзините пријатели – открил Анѓелковиќ.
По повод родендеот, Милица сподели објави на Инстаграм во кои драги луѓе ѝ испраќаа најдобри желби, а посебно внимание привлече честитката од нејзината мајка Јасмина, која со емотивни зборови покажа колку многу ѝ значи нејзината ќерка.
„Те сака мајка, бисеру мој. Среќен роденден“, напиша Јасмина со честитката за роденденот, а нејзините зборови трогнаа многумина.
